- Кратко инфо
- Детали за производот
- Кратко инфо
-
Ви нуди неверојатна масажа со целосно персонализирани опции - шиатсу техника, масажа со ролери, вибрациска терапија и загревање на 4 различни делови на телото: вратот, рамената, грбот и горниот дел на нозете.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
1. Шиатсу техника за намалување на напнатоста на мускулите
Тоа е тип на масажа кој потекнува од Јапонија, која навлегува длабоко во ткивата. Шиатсу помага да се ослободите од напнатоста и да ги намалите мускулните чворови со притискање на точките за акупресура. Се користи за да го доведе телото во состојба на баланс додека ја намалува менталната и дизичката напнатост.
Шиатсу терапијата е интегрирана во делот за вратот и целосно се прилагодува според висината. Па така, одговара скоро на сите и ќе го овозможи најдобриот начин за опуштање на мускулите на вратот или рамената.
2. Масажа со ролери за намалување на непријатноста во горниот и долниот дел на грбот
Масажата со ролери нуди техника која применува постојан притисок, нежно движејќи ги ролерите нагоре и надоле низ главните мускули на грбот. Овој тип на масажа е наменет за да ги затопли и опушти мусуклите, подобро да ги подготви за подлабока масажа како со шиатсу техниката. Ви дава неверојатно чувство и е совршена во комбинација со загревање за да се зголеми нејзиниот ефект.
3. Терапија со загревање за подобра циркулација на крвта
Затоплувањето на делови од телото го подобрува циркулирањето на крвта, што е добар начин за да ja намалите вкочанетоста на зглобовите и да ја намалите непријатноста. Покрај позитивните ефекти кои ги има на вашето тело, ве опушта и го намалува стресот.
4. Вибрирачка терапија за намалување на вкочанетоста на бутовите
Не само вашиот врат, туку и вашите бутови можат да бидат вкочанети, особено по седење цел ден или по напоно вежбање. И поради тоа што ние секогаш мислиме на целосно задоволство, додадовме вибрирачка масажа на седечките делови за да ја стимулирате циркулацијата на крвта во овој дел.
100% персонализирана масажа
- 5, 10, 15 минутни тајмери
- Дел за врат/рамена (прилагодлива висина на точките за масажа)
- Масажа со ролери која го таргетира делот кај 'рбетот
Шиатсу масажа (длабока масажа)
Масажа на одредени точки (на грбот) - Длабока масажа на долниот/горниот/цел грб
- Вибрирачка масажа со 2 интезитета на делот за седење
Топлина со масажа за цело тело
6 здравствени придобивки од масажата
Ја намалува напнатоста на мускулите во вратот, горниот дел на грбот и рамената
Ја намалува напнатоста на долниот дел на грбот
Ја намалува вкочанетоста на горниот дел на нозете (бутовите)
Ја подобрува циркулацијата на крвта
Помага со олеснување на непријатноста во горниот дел на телото
Делува анти-стресно
Што велат купувачите
“Да, за мене Шиатсу масажата претставува вистинско уживање. Прави веднаш да се почувувстувам опуште. Брзо ги третира проблематичните области и за момент се чувстувам опуштено. Уште поимпресиониран сум од масажата со ролери кој се движи нагоре-надоле од 'рбетот. Чувството е како некои магични раце да ме масираат”