Зошто комарците толку многу ве сакаат
1. Бремени жени
Комарците ги привлекува јаглеродниот диоксид кој го издишуваме. Брмеените жени, во подоцнежна бременост, издишуваат околу 21% повеќе јаглероден диоксид од оние кои не се бремени. Ова ги прави попривлечни за комарците само поради мирисот кој е околу нив.
2. Луѓе кои вежбаат
Комарците многу брзо ги намирисуваат оние кои трчале или вежбале. Нив ги привлекуваат млечните киселини кои се произведуваат во нашите мускули додека вежбаме и се излачуваат преку потта. Покрај потта, комарците ги привлекува и зголемената телесна температура, која е резултат на вежбањето.
3. Оние кои пијат алкохол
Според научна студија спроведена во Западна Африка, мажите кои пијат пиво се попривлечни за комарците од оние мажи кои пијат вода. Ова е затоа што алкохолот ја зголемува телесната температура.
4. Оние со крвна група 0
Тие се најомилени кај комарците. Можноста некој со оваа крвна група да биде каснат од комарец е неверојатни 83%. Оние со крвна група 0 најчесто лачат мириси кои се неодоливи за комарците. За среќа, овие луѓе исто така имаат и најмала шанса да заболат од маларија, една од болестите кои ги пренесуваат комарците.
Луѓе кои комарците ги одбегнуваат?
Оние кои имаат крвна група АВ.