Златни правила на слабеењето
Постојат одредени правила до кои мора да се држите доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и долгорочно да ја одржувате идеалната телесна тежина.
Постојат одредени правила до кои мора да се држите доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и долгорочно да ја одржувате идеалната телесна тежина.
1. Добриот сон ве прави послаби
Трудете се секој ден да спиете квалитетно и доволно долго. Тоа ќе ви помогне во напорите за слабеење. Ако не спиете доволно, вашето тело нема доволно време за создавање лептин, хормонот кој го потиснува апетитот. Уште поважно, се нарушува и дигестијата на шеќерот. Ако не спиете квалитетно, ќе се здебелите. Ако пак си легнувате на време секој ден, полека килограмите ќе започнат да се топат.
2. Нови километри секој ден
Секоја програма за слабеење мора да содржи најмалку 30 минути вежбање дневно. Секој направен чекор е важен во балансот на калориите. Важно е да ги растегнувате мускулите и да ги забрзате срцето и метаболизмот. Можете да вежбате и без вежбање. Започнете да пешачите до работа, одете по скали наместо со лифт итн. Искористете ја секоја шанса во денот да согорите некоја калорија плус.
3. Излезете на сонце
Природната светлина е исто толку важна за луѓето колку и воздухот и храната. Недоволно сонце може да доведе до здебелување. Ако немате доволно витамин Д, кој се создава кога светлината ја допира кожата, тогаш се забавува процесот на согорување на масти. Излегувањето на светлина е особено важно во есен и зима, дури и ако е облачно.
4. Активно вежбање со задоволство
Одберете физичка активност или спорт кој ќе ви обезбеди одредено задоволство. Возете велосипед, трчајте, пливајте или возете ролерки, но правете го тоа на редовна база.
5. Задолжителен појадок
Дали денес појадувавте? Треба да знаете дека многу полесно ќе се здебелите ако не појадувате секое утро. Најголемата грешка е прескокнувањето на појадокот, бидејќи сте имале обична вечера. Така не само што нема да заштедите калории, многу е веројатно дека до крајот на денот повторно ќе претерате поради прегладнетост, а прескокнувањето на појадокот ќе предизвика и забавување на метаболичките процеси, што значи помала потрошувачка на внесената храна.
6. Места без храна
Одредени луѓе постојано грицкаат нешто. Без разлика колку тоа е мало или нискокалорично, кога ќе ги соберете калориите и мастите, тие се напластуваат и килограмите на вагата полека одат нагоре. Создадете опкружување без храна. Не чувајте грицки во домот, во автомобилот, на работното место и обидете се да се воздржите кога некој друг ви нуди храна.
7. Одберете правилна диета
Ако сакате да ослабете, мора да одберете некаква диета, која ќе биде соодветна на вашите потреби. Важно е да одберете план со кој ќе ви биде удобно и за кој знаете дека ќе можете да истраете. Не правете преоптимистички прогнози бидејќи неуспехот ќе ве врати на почеток, а можеби и со некој килограм повеќе од местото од каде што сте започнале.
8. Не се откажувајте од сѐ
Речиси секој човек што сака да намали неколку килограми одеднаш решава да се откаже од сите задоволства. Веќе нема чоколадо, шлаг или сладолед, нема хамбургери. Но, откако ќе се збогувате со сите калорични видови храна, започнувате да запаѓате во очај, бидејќи мозокот живее во исчекување на нови деликатеси. Треба да јадете сѐ што ве фрла во искушение, но во мали порции и доста бавно. Не го јадете целото парче торта набрзина. Уживајте залак по залак.