Краток историјат на Зимските Олимписки игри
Зимските Олимписки игри почнаа и ние сите ги поддржуваме нашите омилени спортисти. Ние за вас подготвивме краток пресек на досегашните Зимски Олимписки игри.
Зимските Олимписки игри почнаа и ние сите ги поддржуваме нашите омилени спортисти. Ние за вас подготвивме краток пресек на досегашните Зимски Олимписки игри.
Почетоците
Потеклото на Олимписките игри е од Античка Грција – се верува дека првата Олимпијада всушност се одиграла 800 година пред нашата ера. Античките игри многу се разликувале од овие сега. Првите модерни Летни Олимписки игри датираат 2500 години подоцна – во 1986, додека пак првите Зимски Олимписки игри се одиграле 30 години подоцна – во 1924 година.
Првите Зимски Олимписки игри
Првите зимски Олимписки игри траеле 11 дена во 1924 година и биле одржани во малата заедница во Франција позната како Шамони. На овие игри учествувале 250 спортисти од 16 различни земји кои се натпреварувале во 16 дисциплини. Најуспешни биле Финска и Норвешка.
Игрите низ годините
Зимските Олимписки игри оваа година се одржуваат во рускиот град Сочи и се 22-рите официјални Зимски Олимписки игри во историјата. Од самиот почеток па досега, тие се одржуваат на секои 4 години, со 3 исклучоци низ историјата. Олимпијадите во 1940 и 1944 кои требало да се одржат во Јапонија и Италија, биле одложени поради Втората Светска Војна, а онаа закажана за 1994 година во Лилехамер се одложи за две години подоцна, во 1996, поради новата одлука на Олимпискиот Комитет дека Зимските и Летните Олимписки игри повеќе не смеат да се организираат во иста година.
Домаќини
Досега домаќини на Зимски Олимписки игри биле 10 земји, и тие се одржале во 18 различни градови во Европа, Северна Америка и Азија. Останатите континенти никогаш не биле домаќини на овој настан поради топлите климатски услови и непопуларноста на зимските спортови на овие територии.
Најуспешни земји
Во целата историја на Зимските Олимпијади, вкупно учествувале 103 земји, но само 12 земји учествувале во секоја од нив. Шведска, Норвешка, Австрија, Канада и САД секојпат биле дел од земјите кои освојувале медали, но само САД освојувал најмалку по 1 златен медал на секоја Олимпијада досега. Најуспешна земја во целата 90 годишна историја на одржување на Зимските Олимписки игри е Норвешка.
Зимски спортови
Првата Зимска Олимпијада вклучувала поголем број на спортови, додека пак оваа година во Сочи спортистите ќе се натпреваруваат во 7 зимски спорта (уметничко лизгање, скијање, боб санкање, биатлон, карлинг, хокеј и санкање), но во многу повеќе дисциплини - 15, како и во 98 различни настани.
Најуспешни натпреварувачи
Толку важен настан како што е Зимската Олимпијада, секако дека има многу незаборавни шампиони, херои и воопшто натпреварувачи, но најуспешни се секако оние кои освоиле најголем број на медали. Тука можат да се споменат норвешкиот скијач Бјорн Даехли со 12 медали, како и Раиса Сметанина од Советскиот Сојуз и Стефанија Белмондо од Италија со 10 медали.