Нема производи во вашата кошничка.

10 работи кои жените ги прават многу подобро од мажите

Жените генерално се сметаат за послаб пол, но постојат илјадници работи во кои тие се многу подобри од мажите. 8-ми март е Меѓународен ден на жената и ние ви претставуваме 10 неверојатни работи кои жените ги прават поуспешно од мажите. Дали сте подготвени?

Жените генерално се сметаат за послаб пол, но постојат илјадници работи во кои тие се многу подобри од мажите. 8-ми март е Меѓународен ден на жената и ние ви претставуваме 10 неверојатни работи кои жените ги прават поуспешно од мажите. Дали сте подготвени?  

1.Интелектуални вештини

Дебатата околу тоа кој пол е поинтелигентен трае со векови. Крајниот резултат се уште не е познат (и најверојатно никогаш нема ни да биде), но дефинитивно постојат неколку работи кои вреди да се споменат. Знаевте ли дека двата највисоки резултати во тестовите за интелигенција им припаѓаат на жени?   

2. Зборување

Дали изјавата дека жените се многу подобри во зборувањето отколку мажите ве изненадува? Женетите мажи сигурно не се изненадени. Точно е дека жените во просек имаат многу повеќе искуство во зборување отколку мажите. Истражувањата покажале дека мажите кажуваат околу 7000 збора дневно, додека пак кај жените бројката се движи околу 20000. 

3. Справување со опасности

Жените се многу подобри во справувањето со опасни ситуации отколку мажите? Ова сигурно ќе изненади голем број на мажи во светот, но тоа не значи дека не е точно. Научните истражувања покажаа дека кај жените постои помала веројатност да учествуваат во сообраќајна несреќа или во незгода на работното место.  

4. Образование

Знаевте ли дека жените се оние кои најчесто ги достигнуваат најдобрите резултати во повисоките нивоа на образованието, како што е факултетот, после дипломските или пак докторските студии? Во просек жените го завршуваат своето образование многу побрзо од мажите.

5. Долг живот

Повеќето мажи се уште веруваат дека нивниот пол владее со светот, но статистиката вели поинаку. Жените дефинитивно живеат подолго од мажите. Истражувањата покажаа дека жените во просек живеат 5 години подолго од мажите, но тоа не е се! 85% од оние кои ќе доживеат 100 години, се жени!   

6. Инвестиции

Бидејќи светот на бизнисот се уште во најголем процент го водат мажите, ова е аларм за сите бизнисмени да почнат да ги промовираат жените. Знаете ли дека едно истражување покажа дека жените се подобри инвеститори отколку мажите? Резултатите на жените покажуваат околу 18% враќање на инвестициите, додека кај мажите процентот се движи околу 11%. Бројките зборуваат сами за себе, нели?

7. Имунитет  

Мажите се сметаат за физички посилен пол, така? Што ако ви кажеме дека жените имаат многу посилен имунитет од мажите? Ова се должи на количеството на естрогени во телото кои се борат со разни видови на инфекции.    

8. Менаџирање

Истражувањата покажале дека жените се подобри менаџери од мажите, особено во време на глобална економска криза. Зошто? Затоа што за вакви времиња потребни се специјални видови на менаџери – менаџери кои знаат како да работат повеќе работи истовремено, и како да ги натераат луѓето да работат заедно и со иста цел. 

9. Работа

Вистина е – некои статистики покажуваат дека жените се многу подобри од мажите во некои ситуации поврзани со работата. Според резултатите од некои истражувања, жените се многу поуспешни при интервјуата за работа, и веројатноста да ја изгубат работата е многу помала. 

10. Еволуција

Долго време е познато дека жените се поубавиот пол, но најновите истражувања покажаа дека во текот на еволуцијата жените се разубавувале, додека пак мажите останале исти. Знаевте ли дека постои голема веројатност првото дете на убавите луѓе да биде ќерка? Ова значи генерации и генерации убави жени.