Нема производи во вашата кошничка.

Корисни и здрави навики за децата

Навиките најдобро се стекнуваат во најмалата возраст. Токму затоа треба да го научите Вашето дете на здравите навики, што потоа ќе останат со него во текот на целиот живот.

5 здрави навики на кои треба да го научите Вашето дете

Навиките најдобро се стекнуваат во најмалата возраст. Токму затоа треба да го научите Вашето дете на здравите навики, што потоа ќе останат со него во текот на целиот живот.

Миење раце

Најголем дел од бактериите и инфекциите се шират преку допир, а доколку некој не ги мие рацете редовно, може себеси, а и оние околу него, да ги изложи на непотребен здравствен ризик. Оттаму, важно е да го охрабрите Вашето дете да ги мие рацете по завршувањето на физиолошките потреби, пред јадење, откако по играњето надвор ќе влезе дома, по контакт со животни итн.

Бришење

Покажете му на детето уште во најрана возраст како да се избрише со хартија по завршената физиолошка потреба, за да се спречи ширењето на бактериите и за тоа да научи како да остане чисто. Во исто време, создадете му навика да пушта вода дури и кога оди по мала нужда, а ако тоа не Ви тргнува од рака, создадете игра во којашто ќе го претворите казанчето во анимиран лик, со кој детето ќе се поздравува на секое излегување од тоалетот.

Миење заби

Не само што оралната хигиена е важна за здравјето на забите, туку кога има недоволно добра развиена навика за орална хигиена кај некој човек, тој се среќава со редица други проблеми, како лош здив, социјална неадекватност, итн. Затоа редовно мијте ги забите (наутро и навечер), а во исто време покажете му и на детето како се мијат (широко отворена уста, правилно движење од непцата кон врвот на забите...).

Вода

Водата е клучна супстанца за функционирањето на човечкиот организам. Таа ја подобрува концентрацијата и регулира најголем дел од физиолошките процеси во организмот. Научете го детето секогаш да си носи вода со себе, со тоа што постојано ќе го прашувате да не е жедно. Исто така, важно е да не се срами да побара вода кога е жедно, без разлика каде се наоѓа.

Квалитетен сон

Добриот сон е клучен за здравјето, затоа што ги одмара и телото и мозокот. Затоа е неопходно да го научите Вашето дете да стекне рутина за спиење, преку повторување на истите чекори секоја вечер – дајте му млеко, искапете го и потоа легнете го. Со текот на времето, ќе започне само да заспива во истиот период, по автоматизам.