Како да останете здрави кога сите други се болни
Започна сезоната на настинки и грипови. Постојано треба да внимавате да не дојдете во контакт со луѓе кои се инфицирани, но што да правите кога сите луѓе во Вашето опкружување, на работа и во домот, ќе се разболат?
Започна сезоната на настинки и грипови. Постојано треба да внимавате да не дојдете во контакт со луѓе кои се инфицирани, но што да правите кога сите луѓе во Вашето опкружување, на работа и во домот, ќе се разболат?
Земајте витамин Д
Со појадокот, земете додаток витамин Д. Според едно истражување направено на универзитетот Јеил, луѓето со зголемена концентрација на витамин Д во крвта (најмалку 38 нанограми на милилитар) имале 49 проценти помал ризик да настинат или да добијат друг вид инфекција на респираторниот систем.
Чистете со варикина
Вирусите (особено оние кои го напаѓаат стомакот) се отпорни на многу нешта и можат да опстанат на речиси секоја тврда површина со недели. Затоа, чистењето треба да се изведува со доволно силно средство што може во целост да ги уништи сите микроорганизми.
Често перете ја облеката и постелнината на болниот
Кога имате болен човек во домот, важно е да ги минимизирате шансите за раширување на инфекцијата. Често перете ја неговата облека, како и постелнината на која спие, за да ги уништите бацилите.
Спијте најмалку 7 часа
Добриот сон е клучен за освежување на целиот организам, но можеби најважно, барем во ваква ситуација, е влијанието што го има врз имунолошкиот систем. Според истражувањата, луѓето кои спијат помалку од седум часа на ден имале три пати поголем ризик да настинат, отколку оние кои спиеле повеќе.