Нема производи во вашата кошничка.

Забрзајте го слабеењето

Прочитајте неколку корисни совети како да го намалите внесот на калории и да го зголемите согороувањето на масните наслаги, за чија имплементација се потребни 60 секунди или помалку.

1. Растворете го сокот

Кога си подготвувате свеж сок од овошје, наполнете само половина чаша. Остатокот дополнете го со вода (обична или газирана). На овој начин намалувае околу 85 калории по чаша, што пресметано на годишно ниво се минимум 2,5 килограми.

2. Одете додека зборувате

Согорувајте калории додека зборувате на телефон – ставете ги алиштата во машината за перење (68 калории), наместете ја масата за вечера (85 калории) или наводнете ги цвеќињата (102 калории).

3. Внимавајте на пакувањата

На чоколатце, пакетче кикирики, сок, чипс, итн. ќе прочитате 220 калории и си велите дека тоа е во склад со Вашата диета. Но, погледнете повнимателно. Најчесто тоа се податоци за една порција, а пакувањето може да содржи неколку, па така ќе внесете 2 до 3 пати повеќе калории.

4. Носете си ручек од дома

Јадењето во угостителски објекти повеќе од пет пати неделно може да предизвика зголемување на вкупниот внес на калории за речиси 300 дневно. Затоа, секогаш кога можете, носете си јадење од дома.

5. Повеќе вода

Секогаш купувајте големи шишиња вода. На тој начин сигурно ќе испиете повеќе, а ништо не е подобро за здравјето од водата.

6. Салата со големи парчиња

Салатите секогаш правете ги со покрупно исечкан зеленчук наместо со рендан. Поголемите парчиња ќе Ве присилат да џвакате повеќе, со што ќе изедете помалку од главното јадење.

7. Купувајте мали пакувања

Иако мислите дека купувајќи поголеми пакувања заштедувате пари, всушност само внесувате повеќе храна (до 44 проценти повеќе), поради илузијата што ја создава големото пакување. Со оглед на тоа што потоа ќе мора да купувате повеќе храна, не само што ќе си наштетите на здравјето, туку и на буџетот.

8. Спринтувајте

Ако веќе џогирате, повремено направете по некој спринт. Промената на темпото е исклучително добра за срцето, но исто така Ви помага да согорите повеќе енергија, ги зајакнува мускулите, а исто така поволно влијае и врз цврстината на коските.