Како да организирате добра домашна забава?
КАКО ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ДОБРА ДОМАШНА ЗАБАВА?
Празниците кои се пред нас, а особено Нова Година, нè повикуваат на голема забава. Дали одлучивте што ќе правите за Новогодишната вечер? Дали одлучивте каде ќе одите на забава? Зошто да лутате по разни забави кога може да си направите забава дома... Прочитајте ја оваа статија и ќе откриете за што треба да се погрижите доколку оваа година Вие ја организирате Новогодишната вечер.
Локација
Потребно Ви е место за Новогодишна забава? Се разбира, најелегантното решение е да ја организирате забавата дома. Организацијата на домашна забава зависи од големината на Вашиот дом – куќа/стан, затоа што сигурно не сакате Вашите гости да се притискаат во дневна соба од 4 метри квадратни!
Доколку Вашиот стан (куќа) не е доволно голем, ние Ви препорачуваме да земете под закуп некоја друга локација. Можеби во скијачко место, планинско село или викенд куќичка надвор од градот - може да изнајмите соодветен простор за една вечер.
Гости
Потребно е да се погрижите околу многу работи поврзани со гостите. Следното е многу важно:
- бројот на гости,
- начинот на кој ќе ги поканите и
- каков тип на луѓе всушност ќе поканите.
Бројот на гости
Ова секогаш е голем проблем. Се разбира, најважниот фактор за ваква одлука е просторното ограничување. Не поканувајте повеќе луѓе од тоа што може да собере во местото. Но, никако не заборавајте дека повеќе - значи и поголема забава.
Како да ги поканите
Постојат две можности. Еден начин е лична покана, кога сами го поканувате гостинот со тоа што во директен разговор непосредно го каните на новогодишната забава. Другата можност е да испратите покани за забава. Ние препорачуваме класично писмо или е- маил. Избегнувајте СМС пораки или нешто слично...
Каков тип на луѓе да поканите
Најдобро е, се разбира, да ги поканите оние кои докажано се одлични “забавувачи“ на секоја забава. Исто така е добро да поканите луѓе кои се познаваат меѓу себе барем од видување, во спротивно може да се случи да се формира мала група на луѓе што ќе се затвори, држи меѓу себе на најлудата новогодишна ноќ. Тоа сигурно не го посакувате!
Што да им понудите на пребирливите гости?
Ако правите забава со „висок профил“ на гости што вклучува колеги од работа, Вашиот шеф – тогаш треба да бидете внимателни со храната и пијалаци кои ќе ги понудите. Можеби треба да размислите и за професионална помош, како кетеринг.
Храна
Бидете внимателни да не послужувате едноставни решенија, како што се ладни парчиња храна. Ако сами ја подготвувате храната, тоа гостите ќе го ценат. Храната се разбира дека мора да биде вкусна, размислете за достава на храната – и тоа не го кажувајте на гостите.
Пијалоци
Нова Година е важна прилика, па не заборавајте на шампањ. Малку поквалитетни вина се исто така добар избор.
Пријателите кои сакаат забава немаат толку големи барања
Храна
Може да им понудите на пријателите ладно јадење, но можете исто така да подготвите и различни и богати сендвичи – на крајот, сепак е Нова Година!
Пијалоци
Ако Вашите пријатели се навистина луѓе за забава, тогаш треба добро да се подготвите за луда, беспрекорно добра забава. Не треба да дозволите луѓето да трчаат наоколу и да бараат пијалак. Можете да послужите од пиво, вино, па и потешки алкохолни пијалаци, но не заборавајте и на безалкохолни пијалаци како сокови и минерална вода. Поевтино шампањ шише исто така се препорачува.
Во зависност од тоа каква забава ќе подготвувате и какви гости планирате да поканите, може да бидете добар домаќин и да подготвите некои коктели. Следуваат рецепти за два коктели, кои ќе ги загреат вашите гости, ќе ја загреат атмосферата и ќе ја покачат температурата на вашата забава.
Рецепт #1: Блади Мери
Што е потребно:
- 1 дл. ладна вотка
- 4-5 единици доматен сос
- вкусот се збогатува со малку сол, пипер, сок од лимон и табаско.
Подготовка на коктелот:
Ставете неколку коцки лед во висока чаша, ставете ги сите состојки (освен вотката и доматниот сос, останатите состојки можат да бидат ограничени и да се стават во различни количини). Полека мешајте од дното кон врвот. Декорирајте го коктелот со парче од лимон на страна на чашата.
Рецепт #2: Куба Либре
Што е потребно:
- 4-5 цл. Кубари
- 4/8 лимета
- 2 лажици шеќер
- 12 цл. кола
- 3 коцки лед
Подготовка на коктелот:
Ставете лимета во висока чаша заедно со шеќерот. Гмечете со дрвена лажица се додека не се стопи шеќерот. Додадете Кола и коцки лед. Како замена за лимета може да користите лимонов сок. Декорирајте го коктелот со парчиња лимон на чашата.
На здравје!