Нема производи во вашата кошничка.

Трикови со кои ќе останете витки во летото

Сте работеле напорно за да можете да се пофалите со телото на плажа. Но, не заборавајте дека треба и да останете витки во текот на целото лето. Следете ги овие совети и таа задача веќе нема да Ви изгледа тешка.

Размислете за течностите

Жештината создава жед, а жедта обично го бара највкусниот начин за гаснење. Расмислете неколкупати пред да посегнете по коктелите, газираните пијалаци или ледените кафиња со чоколадо и многу шеќер.

Најпрепорачливо е да пиете вода, но доколку сакате и друг освежителен пијалак, пијте свежо исцеден сок од лимон, портокал и цитрон.

Наспијте се

Квалитетниот сон е неопходен за одржување на витката линија (не само што не можете да јадете кога спиете, туку сонот помага во регулирањето на апетитот). Според тоа, ако во текот на ноќта не успеете да се наспиете, не се срамете да дремнете во текот на денот.

Работете на горниот дел од телото

Заборавете на теговите. Вашата сопствена тежина е најефикасна како отпор при вежбањето. Правете склекови секое утро. Нив можете да ги изведувате без разлика каде и да сте и без разлика што носите со себе.

Сменете ги ужинките

Заброавете на чоколатцата во хотелите, на примамливите колачиња во баровите или пак на храната за пикник. Кога Ви е потребен енергетски поттик, посегнете по здравите ужинки, како што се гранола чоколатцата, смрзнатото овошје, печени зрнца соја, итн.

Вовлечете го стомакот

Секогаш кога чекате во ред за нешто, секогаш кога патувате со автобус или автомобил, сетете се дека вовлекувањето и отпуштањето на стомакот всушност е ефикасна вежба за стомачните мускули. Колку почесто ја правите, толку поголеми придобивки.

Не јадете од пакувањето

Кога грицкате чипс или крекери, наместо да ја грабнете ќесата и да легнете на каучот, одвојте разумна порција во чинија и потоа опуштете се. Тоа е еден сигурен начин дека нема да претерате.

Затегнете го задникот

Додека чекате да се исуши млекото за сончање, пред да заминете на плажа, направете ја оваа едноставна вежба за затегнување на задникот. Спуштете се „на сите четири“ и од таа положба дигајте ја едната, па другата нога нагоре, свиткана во коленото. Направете по 20 повторувања со секоја нога