Нема производи во вашата кошничка.

3 потребни и 3 непотребни работи за Вашето викенд патување

Сите ќе се согласите дека после напорната работа недела, викендот е повеќе од добредојден. Кога времето е убаво сите сакаме да одиме на кратки викенд патувања и да ги наполниме батериите. Но понекогаш и убавото викенд патување може да биде уништено ако заборавите или не заборавите да понесете некои важни работи од домот. Дали знаете кои се тие?

Сите ќе се согласите дека после напорната работа недела, викендот е повеќе од добредојден. Кога времето е убаво сите сакаме да одиме на кратки викенд патувања и да ги наполниме батериите. Но понекогаш и убавото викенд патување може да биде уништено ако заборавите или не заборавите да понесете некои важни работи од домот. Дали знаете кои се тие?

3 работи кои ви требаат за вашиот совршен викенд

Вашиот викенд може да биде прекрасен без разлика на работите кои ќе ги понесете со вас – но сепак постојат некои работи кои може да ви овозможат максимално уживање

Пријатели и/или семејство

Да одите на викенд сами може да биде и добра идеја, посебно ако ви треба да бидете сами, но верувајте ни дека за кратко време ќе ви стане здодевно и ќе посакате да сте во друштво на вашите пријатели или семејството. Сепак, ако инсистирате да сте сами, може еден ден да уживате во сопственото друштво, а пријателите или семејството да ви се придружат наредниот ден. Тогаш ќе ви биде драго што ќе ги видите.

Удобни обувки за пешачење

Викендот е момент за уживање во природата и без разлика на тоа кое е вашето омилено место – шума, плажа, ливада или планина – сигурно ќе ви требаат удобни обувки за носење со кои ќе можете да ја истражите природата околу вас без плускавци на нозете. Немојте да носите нови чевли, без разлика на тоа колку ги сакате – ако до сега не сте ги носеле, вашиот викенд може да се претвори во кошмар.

Лосион за сончање

Лосионот за сончање ќе ве заштити од сонцето, па нема да имате проблеми со црвенило. Напротив, ќе имате убав исончан тен.

3 работи кои нема да ви бидат потребни

Овие 3 работи нема да ви бидат потребни за вашиот прекрасен викенд. Доколку ги понесете со вас, вашиот викенд ќе биде ист како и сите останати...

Лаптоп

Да, да, знаеме дека планирате да го земете со вас. Сепак наместо тоа одлучете се за таблет или пак понесете го само мобилниот телефон. Направете си услуга и пробајте да го оставите дома и да уживате во сите задоволства кои светот ги нуди. Ќе имате многу време да ги играте омилените игри и да го споделувате секој момент на социјалните мрежи откако ќе се вратите дома.

Работа

Не ни помислувајте на неа за време на вашиот викенд. Сепак, ако тоа е невозможно, подобро одложете го викендот додека не се ослободите од обврските. Немојте да бидете во искушение и да кажете дека ќе работите само еден или два часа, зошто тоа нема да се случи. Викендот ќе помине, а вие ќе бидете затрупани со обврски.

Нерасположен партнер/ка

Ако работите во вашата врска не се одвиваат баш најдобро, тогаш можеби треба да размислите и да одите на посебни патувања. Тоа кратко време додека сте разделени може само да ви помогне и вие ќе имате доволно време да размислите за вашата иднина. Доколку пак сте загрижени дека партнерот/ката може да се нерасположени за време на патувањето и покрај фактот дека одлично функционирате секогаш постои и друго решение: можеби масажа или пак романтична вечера за двајца?