Нема производи во вашата кошничка.

6 вежби со кои ќе го трансформирате Вашето тело

И покрај сите напорни и тешки вежби сепак немате убаво тело? Можеби проблемот не е во тоа колку вежбате, туку што вежбате. Овие 6 ефективни вежби ќе ви помогнат засекогаш да го трансформирате вашето тело.

И покрај сите напорни и тешки вежби сепак немате убаво тело? Можеби проблемот не е во тоа колку вежбате, туку што вежбате. Овие 6 ефективни вежби ќе ви помогнат засекогаш да го трансформирате вашето тело.

Вежба 1: Склекови

Оваа е една од најчестите вежби која ја прават луѓето кои вежбаат. Постои едноставна причина зошто тие се многу популарни - оваа фантастична вежба ги зацврстува мускулите во горниот дел од телото како и стомачните мускули. На некои луѓе им е тешко да ја прават оваа вежба, но запомнете дека има повеќе варијанти на класичните склекови, па така секој може да ја одбере својата омилена која ќе му биде најлесна да ја изведе.

Вежба 2: Пливање

Дали некогаш сте го виделе телото на професионалните пливачи? Ако вашиот одговор е позитивен, сигурно знаете дека пливањето е една од најефективните вежби кои постојат. Кога пливате ги користите сите мускули на телото. Со пливање го подобрувате квалитетот на дишењето, енергијата, флексибилноста и работата на срцето.

Вежба 3: „Планк“ положба

Една од наједноставните вежби, но запомнете дека понекогаш тоа ги дава најдобрите резултати. Ова е вистина која е поврзана со оваа вежба. Оваа вежба може да ја правите секогаш во било кое време. Кога и да имате неколку слободни мигови, на работа или кога едноставно сте на прошетка во паркот може да застанете во „планк“ положба на вашите лакти и прсти колку што можете подолго.

Вежба 4: Скокање јаже

Статистиките го покажуваат следното: околу 90% од луѓето скокаат на јаже и околу 9% никогаш не скокале јаже бидејќи биле премногу неумешни во тоа. Оние кои скокале се во одлична форма бидејќи скокањето јаже е дел од нивното секојдневие. Може да потрошите повеќе од 10 калории во една минута (да, минута) кога ја правите оваа неверојатна вежба која е практично една од најпопуларните вежби на денешно време.

Вежба 5: Веслање

Веслањето е одлична вежба! Зајакнува различни групи на мускули, но може да се каже дека многу вежби го имаат истиот ефект. Оваа вежба ќе ви помогне да ги тонирате мускулите и многу е важно дека има слаб интензитет, па така нема да им правите притисок на зглобовите. Таа е соодветна и практична за секого – и пред да започнете да барате изговори дека немате услови за веслање, треба да знаете дека во многу фитнес центри има справи кои може да ви помогнат. Доколку се одлучите може и да си купите справа која ќе биде само ваша.

Вежба 6: Чучнувања

Чучнувањата се многу едноставна вежба, па можеби ќе мислите дека тие всушност не прават ништо за вас така? Тоа е сосема погрешно. Тие се одлична вежба со која ќе зацврстите голем број мускули, а доколку ја правите со појак интензитет истовремено ќе имате одлична кардио вежба. Уште една пред од оваа вежба е тоа што може да ја правите секаде и во секое време без потреба од дополнителна опрема.