Зошто треба да вежбате со тегови?
Многумина имаат впечаток дека вежбањето со тегови е резервирано само за бодибилдерите и професионалните спортисти. Но, ова се покажува како многу погрешен чекор. Еве зошто.
Многумина имаат впечаток дека вежбањето со тегови е резервирано само за бодибилдерите и професионалните спортисти и воопшто не ги вклучуваат во својот режим на вежбање. Но, ова се покажува како многу погрешен чекор. Еве зошто.
1. Ќе согорувате 40 проценти повеќе маснотии
Во едно истражување во Америка, луѓето кои биле на диета биле поделени во три групи. Едните воопшто не вежбале, вторите вежбале без тегови, а третата група комбинирале кардио вежби со умерени вежби со тегови.
Според очекувањата, втората и третата група намалиле повеќе килограми од првата група (во просек по 9,5), но она што е најважно – групата што вежбала со тегови, успеале да симнат речиси 3 килограми повеќе чисти масни наслаги од втората група. Причината за ова е едноставна.
Луѓето кои вежбаат единствено кардиоваскуларни вежби ја намалуваат тежината од масните наслаги и од мускулното ткиво, додека тие што практикуваат вежби со тегови ги трошат само масните наслаги.
2. Нема да морате да ја промените облеката
Во просек, луѓето на возраст помеѓу 30 и 50 години, губат околу 10 проценти од мускулното ткиво со текот на времето. Но, уште полошо, местото на тоа ткиво го заземаат масните наслаги. Поради тоа, голема е веројатноста да Ви се зголеми струкот, поради фактот што еден килограм масни наслаги зафаќаат 18 проценти поголем простор отколку еден килограм мускулно ткиво.
3. Ќе согорувате повеќе калории
Математиката е едноставна – на мускулите им е потребно повеќе енергија за да функционираат правилно, па според тоа, колку повеќе мускулно ткиво имате на себе, толку ќе се зголеми и дневниот внес на калории кој Ви е потребен.
4. Подобро ќе се справувате со стрес
Редовно вежбајте со тегови и ќе можете да останете мирни при најнапнатите ситуации. Сите истражувања укажуваат дека луѓето кои својата негативна енергија ја пренасочуваат кон нешто корисно се најсмирени во стресни ситуации.
5. Ќе ги зацврстите коските
Како што стареете, коскената маса се намалува, со што се зголемуваат шансите еден ден да доживеете страшна скршеница која ќе го оневозможи нормалното функционирање на подолг период. Според експертите, вежбањето со тегови 16 недели во текот на годината ја зајакнува крвта и ја зголемува коскената маса за 19 проценти.