Утринското вежбање е најдобро
Истражувањата покажуваат дека се потребни само 18 дена за некоја навика да стане навика. Од поодамна е познато дека вежбањето дава најдобри резултати кога се прави рано наутро, па затоа следете го овој план и за 18 дена ќе можете да започнете една нова, многу здрава навика.
1. Тоа е тајната на луѓето што се во форма
Најголем процент на спортистите и луѓето кои се во форма и на кои им завидуваме, вежбаат рано наутро. Тоа воопшто не е чудно. Наутро имаме најсилна волја, а како што денот одминува, волјата полека исчезнува и сѐ потешко е да се донесат правилни одлуки.
2. Грицките нема да ви бидат толкаво искушение
Редовното вежбање ќе ви ја зголеми отпорноста на храна, особено на храната што знаете дека е штетна за вас. Ако сте загрижени дека вежбањето ќе ве прегладни, не помислувајте два пати. Ќе јадете исто онолку колку што би јаделе и ако едвај се извлечете од постелата.
3. Ќе бидете порасположени во текот на целиот ден
Вежбањето инстантно го подобрува расположението поради излачувањето на ендорфините. Оваа состојба може да трае и до 12 часа, а тоа е сосема доволно расположение за целиот ден.
4. Ќе напредувате во работата
По вежбањето, луѓето многу полесно менаџираат со времето, особено на работното место.
5. Ќе спиете како бебе
Луѓето кои вежбаат наутро многу поретко имаат потешкотии при заспивањето и спијат многу поцврсто отколку оние што вежбаат навечер. Тоа се должи на фактот што телото се враќа во нормалната состојба во текот на денот и кога ќе дојде вечерта, вие сте смирени и изморени и многу лесно можете да заспиете.