Утрински трикови за повеќе енергија
Дали имате проблеми да се разбудите наутро и да го започнете денот со доволно енергија? За среќа, постојат лесни трикови со кои ќе можете да ги започнувате утрата со доволно енергија, а во исто време да ја одржите телесната тежина на нормално ниво.
Дали имате проблеми да се разбудите наутро и да го започнете денот со доволно енергија?
За среќа, постојат лесни трикови со кои ќе можете да ги започнувате утрата со доволно енергија, а во исто време да ја одржите телесната тежина на нормално ниво.
1. Не се исцрпувајте
Ако сте постојано исцрпени наутро, тоа претставува сигурен рецепт за прејадување подоцна во денот. Од друга страна пак, многу е важно да најдете здрав начин за добивање доволно енергија, за да не мора да се потпирате на брзата храна и грицките.
2. Посегнете по протеините
Протеините ќе го убедат вашиот мозок, но и желудникот, дека сте добро потхранети и дека гладот ви е задоволен. Ако ги избегнувате, тогаш гладот ќе ве одведе директно до пакетчето чипс, во некој дел од денот.
3. Започнете го денот со чоколадо
Една коцка темно чоколадо содржи доволно количество теобромин (братучед на кофеинот), за да ве разубди, а потоа да не предизвика пад на енергијата. Темното чоколадо, исто така, содржи и антиоксиданси, кои можат да го намалат ризикот од срцев удар, но и да го подобар расположението.
4. Напијте се уште едно кафе
Нема потреба да се откажувате од кафето, како стимуланс кој ќе ви помогне да го започнете денот. Последните истражувања покажаа дека кафето се поврзува со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи ги и: намален ризик од рак на кожата до 20%, намален ризик од мозочен удар до 25% и снижен ризик од рак на простата до 60%.
5. Јадете нешто крцкаво
Крцкавата храна ја активира вилицата, што помага да се разбудат фацијалните мускули, што ќе ви помогне да се освестите. Грицкајте јаболко за појадок, со што ќе добиете и дополнителна доза растителни влакна.
6. Наместете го креветот
Откако ќе го наместите креветот, ќе исчезне искушението повторно да се вратите во постелата. Но, уште поважно е тоа што со местењето на креветот, ги активирате рацете, со што се забрзува пулсот и вие го почнувате денот освежени.