Подобар тренинг за помалку време
Дали немате доволно слободно време за да одите во теретана? Не мора да вежбате со часови за да ја намалите или одржите телесната тежина. Едноставно вметнете ги овие фитнес трикови во оној дел од денот што вам најмногу ви одговара.
Дали немате доволно слободно време за да одите во теретана? Не мора да вежбате со часови за да ја намалите или одржите телесната тежина. Едноставно вметнете ги овие фитнес трикови во оној дел од денот што вам најмногу ви одговара.
Засилете го темпото
Кога вежбате со интервали на засилено темпо, наспроти постојаното темпо, не само што согорувате повеќе калории, туку тоа и го забрузва метаболизмот за период од 24 часа по тренингот. Без разлика дали трчате, пливате, возите велосипед или вежбате на елиптична справа, можете во голема мера да ја зголемите потрошувачката на калории ако го засилите темпото до степен до кој нема да сте способни за зборување во наредните 30 секунди. Потоа, забавате го темпото за да се стабилизирате и потоа повторно засилете 30 секунди. Повторувајте ги интервалите приближно 10 минути.
Пробајте кардио за време на рекламите
Која било кардио вежба со умерен интензитет согорува околу 10 калории на минута. Ако навечер гледате телевизија, станете и вежбајте кардио вежби за време на рекламите. На тој начин можете да согорите дополнителни 300 калории за час до два, без да ги пропуштите омилените серии.
Одвојте барем 15 минути
Дури и во најхаотичните денови, можете да одвоите 15 минути што ќе ги посветите на своето здравје. Ако апсолутно немате повеќе од 15 минути за вежбање, можете да направите брзи вежби со тегови. Клучот е во тоа да ги активирате срцето и колку што е можно повеќе мускули во исто време. Деведесет секунди правете клекнувања, па подигнување на теговите со бицепст, па исправање и подигнување на теговите високо над глава. Следниот интервал од 90 секунди правете исчекори со едната нога, во исто време подигнувајќи ги теговите над глава. Последниот интервал од 120 секунди направете ја следнава вежба: од стоечка положба, наведнете го телото нанапред, а едната нога исправете ја наназад; грбот нека ви биде колку што е можно поисправен, а со раката што е спротивна на подигната нога, дигајте тег паралелно со телото. Повторувајте ги интервалите во текот на 15 минути.
Правете „жабји штици“
За периодите кога сте премногу зафатени, оваа вежба е идеална за брзо и ефикасно вежбање на целото тело. Започнете во положба за „штица“, со рацете потпрени на подлактиците и прстите од нозете и грбот исправен. Потоа, по десетина секунди, исфрлете ги нозете нанапред, додека колената ви се свиткаат. Веднаш исфрлете ги наназад, враќајќи се во почетната положба. Држете ја „штицата“ десетина секунди, потоа повторете. Правете ја вежбате приближно 2 минути.