8 теми за кои не би требало да зборувате додека сте на работа
1: Политика
Вие знаете: кои се нашите политички фигури кои ви се допаѓаат a кои не, за која партија гласавте на последните избори и што навистина мислите за луѓето кои ја обликуваат нашата иднина.
Зошто е оваа тема контроверзна?
Бидејќи вие никогаш со сигурност не знаете какви се политичките гледишта кои ги има лицето со кое зборувате. Ако кажете нешто со што вашиот соговорник жустро не се согласува, тензијата може многу бргу да ескалира во конфликт. Немојте никогаш да заборавите: сé завршува со политика. Понекогаш дури и љубовта!
2: Негативни размислувања за претходни работни места
Но зошто да не? Сите се тие најпосле некогашни вработувања, но сега имате подобра, скоро совршена работа....
Зошто е оваа тема контроверзна?
Бидејќи е непрофесионално и им дава претстава на работодавачите дека вие ќе зборувате подеднакво лошо за нив ако повторно го промените работното место. Вашите соработници може да гледаат на ова како знак за незрелост и поради тоа да ја изгубите почитта која ја имаат за вас
3: Потрага по ново вработување
Ние споделуваме многу работи со соработниците кои ги познаваме, зарем не? Но ова е многу ризична работа да се сподели....
Зошто е оваа тема контроверзна?
Што ако вашиот соработник „од доверба“ (кого го познавате навистина добро) гледа на ова како можност да добие бонус поени кај вашиот шеф? Што ако ја откријат вашата тајна по грешка на некој кој не би требало да ја чуе? Што ако тие сакаат да озборуваат и ќе ја рашират веста дека сакате да ја напуштите компанијата? Во тој случај заминувањето од компанијата може да се случи порано за вас отколку што сте сакале...
4: Здравствени проблеми
Ние луѓето едноставно сакаме да се жалиме и ова е веројатно причината зошто зборувањето за здравјето се чини како добра идеја за разговор за време на паузата за ручек или додека чекаме ред за фотокопирот. Но идејата не е добра!
Зошто е оваа тема контроверзна?
Со откривањето на вашите здравствени проблеми на соработниците, надредените или подредените, вие може да создадете претстава за слаба личност. Никој не ги зема за сериозно слабите луѓе на работа и поради тоа можете да заборавите дека било кога ќе добиете промоција. Тука зборуваме за откривање на сериозни здравствени состојби кои можеби ги имате. Можете да зборувате за одење на заболекар колку што сакате т.е. ако има некој кој сака да ве слуша....
5: Романтични односи
Зошто не би требало да му се доверите на некој соработник во врска со проблеми во вашата врска?
Зошто е оваа тема контроверзна?
Бидејќи едноставно е несоодветна. Со ретки исклучоци ако соработникот во прашање е навистина ваш добар пријател и вон вашето работно место. Зборувањето во врска со љубов, секс и односи може веднаш да биде интерпретирано како сексуално вознемирување. Иако можеби вашите намери не биле воопшто лоши, многу бргу може да се случи да се соочите со катастрофални последици.
6: Негативни коментари за вашите шефови или соработници
Динамиките на односите кај организациите (навистина големит организации) се мошне комплицирани. Дали сте сосема сигурни дека ги делите вашите мислења со вистинската личност?
Зошто е оваа тема контроверзна?
Озборувањето, особено негативното озборување, многу бргу се шири низ различни групи на луѓе. Тука спаѓаат и работните места. Вашите коментари можат многу бргу да дојдат до лицето кое сте го критикувале. Во тој случај, конфликтот ќе биде неминовен и вашата работна средина може да стане навистина непријатна. А ако паднете во немилост на вашите соработници и надредени, вие нема да можете да се оттргнете од таа состојба набргу. Тоа исто така може да значи и дека ќе можете да заборавите дека вашите соработници ќе ви дадат поддршка или дека вашите шефови ќе ве унапредат.
7: Критика на визијата на компанијата
Се разбира, ниту една компанија не е совршена, и кај секој вработен се јавува потреба да ги сподели своите сомнежи за насоката во која движи компанијата и нејзините одлуки. Но не го правете тоа!
Зошто е оваа тема контроверзна?
Визијата на една компанија ќе има скоро исто значење како Светиот грал за луѓето кои ја изградиле и поради тоа ним нема да им биде драго да ги чујат вашите сомнежи. Освен ако тие не ве прашаат директно. Па дури и тогаш, вие мора да бидете внимателни да не бидете премногу критични. Сегашните шефови очекуваат сите вработени да дишат заедно со компанијата и да ја подржуваат на секое можно ниво. Се разбира, реалноста е сосема поинаква, но вашите шефови веројатно нема да бидат спречени од тоа мислење. Ако откријат дека вие не сте посветени на компанијата, тие можат многу бргу да се ослободат од вас.
8: Испади под дејство на алкохол
Сите ние понекогаш имаме имаме по некој пијалок со пријателите. И многу смешни приказни се создаваат за време на вакви средби. Но дали е паметно да се споделуваат со луѓето со кои работите?
Зошто е оваа тема контроверзна?
Се разбира дека не би требало да ги споделувате овие приказни на работа. Вие може да изгледате дека сте незрели и непрофесионални, а вашите соработници би можеле да ја изгубат довербата во вашите способности и проценка. Уште полошо, озборувањата можат многу бргу да се рашират кај компанијата кога споделувате приказни за пијанства и да бидете познати како „тој кој сака да пие“. Тоа дефинитивно не е убав прекар кој ќе помогне во вашата понатамошна кариера. Што мислите за ова?