Намалете го стомакот до лето
Обично сите се свестуваме дека треба да започнеме со вежбање со првите топли денови од пролетта. Тогаш летото и плажите веќе изгледаат реално, а масните наслаги добиени во зимата како вашиот најголем непријател. Прочитајте како да се ослободите од големиот стомак до почетокот на летото.
Раздвижете се додека озборувате
Наместо да разговарате со пријателите со храна и пијалаци, направете план да се среќавате за вежбање. Ќе вежбате многу понапорно доколку тоа го правите со пријател.
Најдете време за кардио вежби
Најновите истражувања велат дека кардио вежбите согоруваат најмногу масни наслаги од стомакот, дури до 67 проценти повеќе од вежбите со тегови или комбинираните вежби.
Со растителни влакна против масните наслаги
Со 10 грама растителни влакна што ги внесуватево организмот секој ден, вашиот стомак ги намалува масните наслаги за речиси 4 проценти. Постојат бројни начини како да го зголемите внесот на растителни влакна: интегрални житарки, две јаболка, артичоки, брокула, итн.
Нарачувајте први
Истражувањето на навиките на жените покажало дека жените со нормална телесна тежина многу поверојатно ќе ги следат навиките на исхрана на слабите, отколку на дебелите пријателки. Затоа, секогаш нарачувајте први во ресторан и нарачувајте мудро. На тој начин можеби ќе ги спасите и пријателките од погрешен избор на храна.
Исчистете ја куќата
Не само што на овој начин домот ќе ви изгледа поубаво и ќе биде поздрав за живеење, туку чистењето е и одлична вежба. На пример, чистењето со правосмукалка е одлична вежба за стомачните мускули – секое туркање напред и назад предизвикува контракции на стомакот и вие сте на пат да ги зацврстите мускулите.
Намалете ги солените грицки
Премногу сол во организмот предизвикува задржување течности, што придонесува за подуен изглед на стомакот.
Заборавете на газираните сокови
Газираните пијалаци се преполни со шеќер, вештачки засладувачи и уште редица други состојки кои не се благопријатни за здравјето. Заменете ги газираните сокови со вода и чај. Стомакот ќе ви биде благодарен.
Со пешачење до посилно јадро
Кога ги завршувате секојдневните обврски, додека пешачите, замислете си дека на грбот имате магнет што го привлекува папокот кон ’рбетот. Вовлекувајте го стомакот до мигот кога тоа ќе ви стане удобно. За кусо време, ова ќе се претвори во ефективна вежба.
Наспијте се и збогувајте се со големиот стомак
Истражувачите од универзитетот Чикаго откриле дека луѓето што спијат 7 или повеќе часови на ден, намалуваат двапати повеќе масни наслаги и се помалку гладни од оние што спијат помалку од 7 часа.