Нема производи во вашата кошничка.

7 нешта што треба да ги правите на секој оброк

Сите се трудиме да се храниме правилно и здраво, но во моментите кога сме премногу емоционални, кога сме соочени со огромни порции или пак пред себе имаме нешто што ни го одвлекува вниманието, тоа не е така лесно. За секогаш да се држите до принципите на здравата исхрана, едноставно следете ги овие 7 совети секогаш кога јадете.

1. Јадете побавно

Луѓето што јадат брзо имаат далеку поголема веројатност да се прејадат од оние што јадат бавно. Потребни се околу 20 минути за организмот да регистрира дека чувството за глад е задоволено.

2. Седнете

Ако јадете во одење или пак стоејќи во кујната, многу е лесно нешто да ви го одвлече вниманието или пак повторно да ја наполните чинијата. Седнете на маса, јадете полека и внимавајте кога ќе го достигнете чувството на ситост.

3. Фокусирајте се на она што го јадете

Добро џвакајте ја храната и уживајте во вкусот на она што го јадете, наместо да голтате големи парчиња. Кога уживате во јадењето, тоа ви овозможува да посветите внимание и на количината што ја внесувате, т.е. да не претерате.

4. Барајте храна што ќе ве задоволи

Животот е премногу краток за да јадете лоша храна. Згора на тоа, ако јадете јадења што не ви се допаѓаат, бргу ќе ви се смачи од здравата исхрана и ќе се вратите на не толку здравата храна. Убавите јадења можат да бидат здрави и нискокалорични, само треба да го пронајдете вистинскиот рецепт.

5. Јадете со други 

Кога јадете во друштво, потребно ви е повеќе време да се најадете, а згора на тоа и искуството е позабавно. Можете да разговарате, да се смеете и  да уживате во секој залак.

6. Избегнувајте фамилијарни оброци

Ако храната ви е при рака, постои многу поголема веројатност дека ќе посегнете по уште, дури и ако тоа не ви е потребно. Наполнете ја чинијата, а она што ќе остане оставете го во кујната.

7. Преправајте се дека јадете во ресторан

Кога сте во ресторан, обично јадете многу побавно отколку дома, па затоа секогаш кога ќе седнете на масата, преправајте се дека сте во ресторан и зголемете го времето што го трошите на оброкот.