Нема производи во вашата кошничка.

Како да пораснете среќно и здраво дете

Родителите често се прашуваат што треба да им дозволат на своите деца, а што не. Како да го натерате детето да јаде овошје и зеленчук? Следете ги овие совети за побргу да се справите со родителските проблеми.

Родителите често се прашуваат што треба да им дозволат на своите деца, а што не. Како да го натерате детето да јаде овошје и зеленчук? Следете ги овие совети за побргу да се справите со родителските проблеми.

1. Бидете пример

Ова е најважниот совет што мора да го следите! Не можете да очекувате Вашето дете да се храни здраво, ако Вие јадете брза храна. Истото важи и за нештата што ги правите во слободното време.

2. Активности

На децата им се потребни активности за да можат да напредуваат. Дури и кога се бебиња, потребни им се предизвици што ќе им помогнат во развојот на психомоторните вештини. Како што растат, така поинтересни ќе им стануваат компјутерот и телевизорот.

Бидете пример за Вашите деца и обидете се да водите колку што е можно поактивен живот.

3. Џепарлак

Многу родители мислат дека ако им даваат џепарлак на своите деца, тоа ќе ги разгали. Ова не е точно. Кога на детето му давате пари на располагање, му помагате да ја спознае вредноста на парите и како правилно да располага со нив.

Правилна возраст за почеток на давањето џепарлак е при тргнување на училиште, а парите никогаш не треба да се користат како награда или казна.

4. Доволно храна

Слушајте го детето кога ќе Ви каже дека веќе не е гладно. Многу родители ги тераат со сила да го завршат оброкот, во спротивно нешто несакано ќе им се случи. Ова е голема грешка!

Најчесто, на овој начин децата се присилуваат себеси да јадат и внесуваат поголема количина одошто им е потребно. По некое време веќе нема да имаат претстава кога се сити и тоа може да доведе до неконтролирано дебелеење.

5. Доволно спиење

Погрижете се Вашето дете да спие најмалку 8 часа дневно. Студиите покажале дека првоодделенците што спијат помалку од 8 часа дневно, во секојдневните активности покажуваат однесување еднакво на четиригодишно дете.

6. Не игнорирајте одредени теми

Објаснувајте им ги нештата на Вашите деца, секогаш кога ги интересираат. Дури и кога за првпат ќе се запрашаат за расни, етнички и религиозни разлики.

Ако мислите дека игнорирањето на темата ќе го реши проблемот, Вашето дете ќе го забележи тоа и самото ќе го интерпретира значењето. На долг рок, ова може да предизвика неспоредливи последици.

7. Не им плаќајте на децата за извршување на домашните работи

Многу родители мислат дека детето треба да се пофали или дури и парично да се награди за секоја завршена работа во домот. Но, на овој начин го учите детето дека е нормално да добива парична награда за секој напор, а животот едноставно не е таков, нели?