Нема производи во вашата кошничка.

Спортски градник за жени

Додека вие ја одржувате добрата форма, градите имаат потреба од добра поддршка и што е уште поважно таа им е многу потребна за време на спортските активности.Во тој период, градите не само што се соочуваат со сопствената тежина, туку и со други сили - како што се движењето нагоре и надоле и страничните движења.

Додека вие ја одржувате добрата форма, градите имаат потреба од добра поддршка и што е уште поважно таа им е многу потребна за време на спортските активности.Во тој период, градите не само што се соочуваат со сопствената тежина, туку и со други сили - како што се движењето нагоре и надоле и страничните движења. Затоа многу е важно да посветите доволно внимание кога купувате спортски градник, инаку вежбањето ќе биде многу неудобно. Ако вашите гради ви пречат и ве болат додека вежбате, тоа дефитивно е знак дека ви треба нов и подобар спортски градник.

Кога спортскиот градник е неопходен?

Дали спортскиот градник ви е потребен или не зависи од тоа што спортувате. Ако вежбањето е помирно и движењето на телото е помало, тогаш станува збор за помалку напорна активност, како на пример пешачење, пилатес, јога, возење велосипед или кревање тегови. Тогаш можеби и нема да ви треба вистински спортски градник, па и класичниот градник ќе заврши работа,- но секако треба да одберете градник во кој кожата ќе дише (без перничиња) и нема многу да ве стега (доколку е потребно одберете градник без жица).

За скијање, лизгање и други спортови во кои градите повеќе се мрдаат се препорачува користењето на спортски градник- но сепак не е задолжително- ова многу зависи од големината на вашите гради.

За активности кои имаат поголем интензитет и вклучуваат скокање и брзи движења, тогаш дефинитивно имате потреба од спортски градник. Примери за такви активности се џогирањето, аеробикот, други видови кардио вежби со музика, возење велосипед на планина и сл.

Различни видови на спортски градници

Кога станува збор за спортски градници, поголем дел од нас замислуваат градник кој е сличен на класичните долни маици и покрај фактот дека секогаш завршува под градите. Овие видови на спортски градници се соодветни за жени кои имаат помали гради. Тие се многу слични на маичките со кратки ракави, но се пошироки во делот на рамената и нивната намена е да ги притиснат градите до градниот кош и на тој начин да ги заштитат за време на скокањето.

Жените кои имаат гради со средна големина имаат потреба од друг вид на градник кој не само што ќе ги притисне градите до градниот кош, туку ќе имаат и корпи кои се специјално дизајнирани за двете гради поединечно да бидат опфатени. Ова најчесто е обезбедено со тоа што вдлабнатината во предниот дел не е заоблена како класична маица, туку има дел кој е малку понагласен (можете да забележите дека предниот дел се состои од лев и десен дел, кои се спојуваат).

Жените со големи гради имаат потреба од градник кој е сличен на класичниот градник- направен целосно од два посебни дела во предниот дел- барем што се однесува на материјалите во долниот дел- но секако и врз него може да има уште еден дел со кој градникот ќе добие изглед на маичка. Секоја града има потреба од посебна поддршка и високи, приближени корпи кои ќе ги држат во место.

Избор на материјали

Во последните неколку години, спортската облека најчесто е направена од функционални материјали. Дури и пред еден век, постојано се сметаше дека памукот е најдобар избор кога станува збор за спортски активности, бидејќи низ него циркулира воздух и не ја иритира кожата. Но, памукот има и негативна страна- се полни со пот, што значи дека додека вежбаме сме мокри- не само што ова е несоодветно туку и претставува ризик од настинки. Модерните синтетички материјали и дозволуваат на потта постојано да се цеди од телото и кожата. Дури и спортските градници се направени од материјали кои се грижат за регулирање на влагата, но потребен е компромис ( посебно за големи гради): градниците кои се направени од материјали кои ја имаат најдобрата регулација на влажност се најлоши кога станува збор за поддршка, додека најсилните и најдебелите материјали за жал не ја вршат својата работа најдобро кога станува збор за регулирање на влажноста.

Прерамки и формата на задниот дел на грбот

Прерамките на спортските градници треба да  бидат широки и доволно меки за да не ја притискаат кожата на рамената, за да можат да се стават потполнки. Најдобро е кога не се целосно еластични, затоа што тоа значи помала поддршка, па затоа одберете градник со прерамки кои не се растегнуваат, но имаат можност за прилагодување на должината. (ова е многу важно за оние кои имаат големи гради).

Прерамките не треба да бидат многу долги или направени од материјали кои се лизгаат.

Градниците кои наликуваат на долни маици во задниот дел може да имаат помала поддршка од оние со форма на буквите X or Y.

Закопчување

Едноставните спортски градници за помалите гради најчесто се облекуваат над главата, но тоа значи дека повеќе се растегнуваат, а со тоа имаат и помала поддршка. Тие се соодветни за помали гради и за активности со послаб интензитет. Спортските градници за поинтензивни движења и за поголеми гради треба да имаат посебен систем за закопчување – со широк ремен под градите, кој има три или повеќе од три дупчиња за закопчување или дупчиња за зацврстување. Ова исто така ќе ви помогне лесно да ја прилагодите должината на ременот, но запомнете дека поддршката зависи од тоа.

Вистинската големина

Жените најчесто одбираат градник кој не им одговара – формата на градите може да биде различна, независно од обемот под градите и на градниот кош. Многу е важно да најдете градник кој ќе ви одговара и единствениот начин да го одберете вистинскиот е да го пробате пред да го купите.

За почеток, пробајте градник кој постојано го носите. Кога ќе го облечете, ставете ги прстите под ременот во долниот дел под градите. Одвојте ги прстите од телото – ременот не треба да ви дозволи да ги одвоите прстите повеќе од 2см. Кај градниците кои се закопчуваат, најпрво закопчајте ги на последното дупче и откако ќе го направите тестот, доколку е потребно поцврсто закопчајте го за да ја намалите должината. Доколку можете да го закопчате градникот и на последното дупче, голема е веројатноста дека ќе ви одговара и градник со еден број помал од тој.

Кога носите градник, кренете ги рацете над главата. Ако градникот се крене над градниот кош тогаш е преголем за вас.

Што за големината на корпите? Кога носите градник мора да чувствувате пријатно опфаќање на градите (поцрврсто од обичен градник) и тие треба да се прицврстени до вашето тело, но да не биде прецврсто – сепак треба да  можете да дишете. Ако градите се целосно притиснати и излегуваат од страничниот дел од градникот тогаш градникот е премногу мал. Ако правите напорни вежби, направете неколку „пропаѓања“ со трицепсите и скокнете неколку пати. Ако градите се движат премногу тоа значи дека корпите се големи- ткивото на градите нема да биде заштитено и вашите лигаменти ќе се истегнат, што значи дека ваши гради бргу ќе ја изгубат формата.

Бидете сигурни и дека вашиот градник одговара и со делот под пазувите. Не треба да биде премногу стегнат.

Грижа

Спортските градници се направени од модерни вештачки материјали кои се еластични, па затоа е многу важно да се перат на ниска температура, за еластичните влакна да не се уништат и да не ја изгубат еластичноста. Кога ги перете, не користете белило и силни детергенти, затоа што може да им наштетат на влакната, а исто така избегнете и употреба на фабрички омекнувачи, бидејќи остануваат во материјалот и после перењето, а тоа го спречува циркулацијата на воздух и се создава влага (кај луѓето со чувствителна кожа може да се појават иритации). Исто така не е препорачливо да се сушат во машина за сушење алишта, бидејќи високите температури ја уништуваат структурата на градникот.

Кога ќе забележите дека вашиот градник ја изгубил формата, дека еластичните влакна почнале да стрчат, градникот е растегнат и не ја дава истата поддршка, тогаш е време да го замените со нов.