Нема производи во вашата кошничка.

Зошто не треба да споделувате сѐ со пријателите

Ако некој започне реченица со: „Не треба да ти го кажам ова, ама...“, тоа значи дека наскоро ќе чуете некое сочно озборување. Дали вие сакате да бидете личноста што ги открива сите детали од животите на пријателите, но и својот живот?

Ако некој започне реченица со: „Не треба да ти го кажам ова, ама...“, тоа значи дека наскоро ќе чуете некое сочно озборување. Дали вие сакате да бидете личноста што ги открива сите детали од животите на пријателите, но и својот живот? Сте размислиле ли дали некогаш ќе можете да изградите вистинска доверба со вашиот партнер, ако ги споделувате деталите од заедничкиот живот?

Сексуален живот

Сексот е една од најинтимните сфери од живеењето. Иако сите имаме пријатели со кои споделуваме многу од животот, доколку сте во врска со човек што ја сака и почитува приватноста, тогаш треба да ги земете предвид неговите желби и да престанете со споделување на деталите од нештата што се случуваат во спалната соба.

Засрамувачки моменти

Без разлика колку се смешни моментите, запомнете дека можеби вашиот партнер ќе се почувствува исклучително лошо ако ги споделите со поширока публика. Секако, понекогаш е важно да им се посвети внимание и на засрамувачките моменти, погрижете се тоа да го направите на начин кој нема да предизвика непријатност кај вашиот партнер.

Минато

Бурното минато е проблем само по себе. Нема потреба дополнително да му отежнувате на човекот што го сакате. Самото тоа што тој ви кажал нешта за кои е тешко и мачно да се зборува е голем чекор. Не ја изневерувајте довербата со тоа што довереното ќе го споделите со други луѓе. Градењето доверба во една врска е многу тежок процес кој трае долго време. Доколку некогаш ја загубите довербата, ќе биде стотина пати потешко да ја повратите. Затоа, не ризикувајте и зачувајте ги интимните тајни во светоства на семејството.