10 совети како да ги намалите секојдневните трошоци
Постои една многу позната изрека која вели дека луѓето никогаш не може да имаат премногу пари. Тоа е особено точно во време кога глобалната економија бележи пад, бројот на невработени се зголемува и даноците постојано се зголемуваат. Со помали прилагодувања на секојдневните навики можете многу да постигнете – еве 10 совети кои ќе ви помогнат!
Сега е навистина потребно внимателно да штедите
Постои една многу позната изрека која вели дека луѓето никогаш не може да имаат премногу пари. Тоа е особено точно во време кога глобалната економија бележи пад, бројот на невработени се зголемува и даноците постојано се зголемуваат. Сега е навистина потребно внимателно да штедите, но не мора да превземате драстични мерки како продавање на колата, одложување на одморот или селење во помал стан. Со помали прилагодувања на секојдневните навики можете многу да постигнете – еве 10 совети кои ќе ви помогнат!
Јадете дома
Колку често јадете во ресторани? Доколку тоа се случува секој пат кога нема да сакате да готвите, тогаш сигурно трошите многу пари за луксуз кој не можете да си го дозволите. Подготвувајте ги оброците дома и ќе штедите секој ден!
Купувајте преку интернет
Како изгледа една ваша сабота? Одите во некој голем шопинг центар, пазарите, дома се враќате со дополнителни 5 кеси гардероба, електроника и козметика кои воопшто и не ви се потребни. Купувајте преку интернет бидејќи така ќе имате можност да ги погледнете сите можности и ќе ја намалите можноста за импулсивно купување.
Пешачете секогаш кога ќе можете
Доколку секогаш и секаде одите со автомобил, тогаш трошите повеќе пари од она што ви е потребно. Обидете се некогаш да пешачите.
Вклучувајте ја машината за алишта на евтина струја
Ноќе и во текот на викендот, струјата е најчесто поевтина. Не ја вклучувајте машината за перење секогаш кога ќе ви се соберат неколку парчиња.
Посетете ја библиотеката
Доколку сакате да читате, не мора да купувате книги. Посетете ги библиотеките, таму ќе најдете огромен број на изданија кои ќе ви го привлечат вниманието.
Организирајте ги своите обврски
Секогаш кога ќе треба да отидете некаде за да завршите некоја работа, како на пример да отидете до банка, да испазарите, да одите на лекар или да излезете со пријателите, организирајте се и потрудете се со едно патување да завршите што е можно повеќе од нив.
Јадете помалку месо
Месото е најскапата храна која ја купуваме, па затоа и зазема најголем дел од нашиот месечен буџет. Намалете ја количината на месо која ја внесувате. Тоа е добро за вашето здравје, но и за вашиот паричник.
Туширајте се
Најдобар начин да се релаксирате е да легнете во полна када со вашата омилена купка, но ова исто така и многу ќе ве чини затоа што со ова ќе потрошите 3 до 5 пати повеќе вода отколку додека се туширате.
Вежбајте дома
Колку пари трошите месечно во фитнес центрите? И колку често одите кога немате доволно време или времето е лошо? Доколку дома ги имате омилените справи за вежбање, ќе вежбате поредовно и ќе заштедите пари.
Откажете се од цигарите и пиењето
Лошите навики, како пушењето и алкохолот, не само што се штетни за вашето здравје, туку и трошите многу пари на нив. Откажете се – ќе се чувствувате подобро и ќе заштедите.