Нема производи во вашата кошничка.

Соперничка или најдобра другарка?

Меѓу мајките и ќерките често „летаат“ искри: ќерката сака да се осамостои, а мајката често пати, нејзините нереализирани амбиции сака да ги „оживее“ преку ќерката. Колку и да се ривалки во текот на животот, кога ќерката ќе стане повозрасна почнува несвесно да се однесува како мајката и да го прави она што некогаш ја нервирало.

Без оглед дали се ривалки, најдобри другарки или потполно рамнодушно се однесуваат, односот меѓу мајката и ќерката е исклучително силен. Всушност, ретко се случува да создадат идиличен однос, полн со меѓусебна доверба – за жал, многу почесто се случува да водат вистинска војна.

Италијанскиот психоаналитичар Мариа Пиа Бобиони тврди дека на мајката и е потребен огромен напор за да може успешно да го надмине неизбежниот момент кога ќерката ќе се осамостои.

Овде ќе ви опишеме неколку типични примери на однос „мајка-ќерка“ – прочитајте и не повторувајте ги грешките.

Амбициозна

Оваа мајка никогаш нема доволно слободно време за ќерката: постојано е опкружена со нејзини пријатели, колеги, соработници…Дома е присутна само физички и повеќе е концентрирана на сопствените потреби. Оттаму, ќерката која има ваква мајка, чувствува дека нема никави права и дека не е доволно сакана.

Ќерка: Поради физичкото и психичко отсуствување на мајката, ќерката може да стане емотивно кршлива и неспособна да ги осознае сопствените грешки.

Како да не ги повторите истите грешки: Научете да се разликувате од мајката – не подлегнувајте на нејзините желби и изборете се за сопствено право на глас.

Командант

Правилата кои таа ги поставила во домот никој не смее да ги крши или да се сомнева во нив. Ваквата мајка има многу очекувања од децата, лесно се разочарува од нив и не е способна да покаже љубов. Нејзините деца често ги мачи грижа на совеста и имаат изразено чувство на вина.

Ќерка: Таа воопшто нема самодоверба. Убедена е дека не умее ништо добро да направи и заради тоа не заслужува љубов и внимание од останатите луѓе. Се претвора во нервозна и неурамнотежена личност.

Како да не ја повторите истата грешка: Со обзир дека ќерката во себе е преполна со бес, многу е веројатно дека утре и таа така ќе се однесува. Сепак, треба да најде сила да направи нешто сосема спротивно: да и прости на мајка си, но и на самата себе кога ќе погреши. Не треба да се оптоварува со тоа дека сė мора да прави совршено.

Депресивна

Постојано е уморна, натажена, секогаш во потрага по нечија поддршка…Таа како постојано да праќа порака: „животот ми е за никаде, никој не ми обрнува внимание…помогни ми барем ти!“

Ова е мајка која многу бара, а не пружа ништо, бидејќи на депресивните многу им е потребно внимание, а не се во состојба да возвратат. Постојано се жали и им префрлува на другите.

Ќерка: Постои опасност да стане како мајка и‘, бидејќи често е принудена да ги презема нејзините одговорности, кои секако, не се за нејзината возраст. Кога ќе порасне, можно е да биде оптоварена со многу стравови.

Како да не ја повторите истата грешка: Овде бунтот е неопходен. Ќерката треба да се ослободи од чувството на вина и да има сопствени моменти на среќа. Ако по напорниот работен ден, едвај сте дочекале да се испружите пред ТВ, не треба да имате чувство на вина ако не сакате да и‘ се јавите на вашата мајка за да го слушате нејзиното кукање.

Квачка

Нејзе сегде ја има, таа сė најдобро знае и најдобро работи, на сите секогаш им е на располагање. Сепак, многу често, ваквата „фасада“ крие опсесивна и несигурна личност која сака постојано да ја контролира ќерката и никако да не ја пушти да се осамостои.

Ќерка: Ако мајката претерано заштитнички се однесува, нејзината ќерка ќе стане детинеста и постојано ќе бара туѓа помош- а чија друга помош, ако не од мајката? Од ваквата замка многу тешко ќе се ослободите.

Како да не ја повторите истата грешка: За да се избегне опасноста и ќерката да стане иста таква, единствено решение е ќерката да го избегнува нејзиното друштво. Не треба да поминуваат многу време заедно – ќерката треба решително да и‘ покаже на мајката дека има и сопствен живот. Така, малку по малку, ќе се ослободи од нејзината мрежа.

Ривалка

Слично изгледаат, си разменуваат гардероба, заедно одат во шопинг или по кафулиња. Кога се заедно, мајката се обидува да биде во центарот на вниманието – тоа може поразително да влијае врз ќерката. Во основа, ваквата жена не е целосно задоволна со себе и не поднесува ќерката да излезе од нејзиниот круг.

Ќерка: Многу е веројатно дека ќе и‘ дозволи на мајката да ја тиранизира, во замена за малку љубов.

Како да не ја повторите истата грешка: Најдобро е ќерката да сфати дека е зависна од нејзината наметлива мајка и да се одвои од неа. Инаку, можно е дека и таа во иднина слично ќе се однесува со нејзината ќерка. Доколку мајката се обидува да го сврти вниманието на себе, едноставно прекинете го разговорот и престанете да ја повикувате на заеднички прошетки.

Извор: „Политика Базар“