Нема производи во вашата кошничка.

Сами сте за нова година? Забавувајте се!

Уште една година е зад нас. Се надеваме дека ја потрошивте на најдобар можен начин, но сега е време да се подготвите за новогодишната забава... Што?! Зарем дојде време?! Не повторно!

САМИ СТЕ ЗА НОВА ГОДИНА? ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ!

Сами за нова година?

Уште една година е зад нас. Се надеваме дека ја потрошивте на најдобар можен начин, но сега е време да се подготвите за новогодишната забава... Што?! Зарем дојде време?! Не повторно!

Дали и Вие сте од оние на кои им е преку глава од новогодишни забави, не сте толку среќни кога станува збор за дочек на Нова Година? Знаете дека сè што ве чека е само готвење, чистење, миење на садови, украсување, смеење и пиење на многу алкохол, и сето ова па дури и ако сте болни? Ако земете воздишка и си кажете „ да тоа е вистината“, тогаш ова е правата статија за Вас.

Заборавете на сите тие работи оваа година! Направете оваа година да биде само ваша и така и нека започне. Опуштање - и започнете со дочек на Новата Година.

1. Нарачајте вечера

Нарачајте вечера каква од секогаш сте посакувале. Оваа вечер може да бидете мрзеливи, уживајте во сопственото друштво и ништо не правете. Малку порано може да отидете до продавница и да си го купите вашиот омилен сладолед. Не заборавајте на различни дополнителни работи како што се чоколадни стапчиња, крем или ситни колачиња. Разгалете се, ова го заслужувате зошто преживеавте уште една луда година.

2. Гледајте филм

Повеќето ТВ програми нудат различен избор на филмови за новогодишната вечер. Може претходно да одлучите што сакате да гледате. Ако ви се допадне нешто, тогаш гледајте. Ако програмата за Нова Година не е по ваш вкус, тогаш отидете до најблиската видеотека и одберете филмови кои сакате да гледате, а не заборавајте и на омилениот. Земете филмови со различен жанр и за Нова Година направете си авантура во домот.

3. Направете си топла бања

Во текот на годината никогаш немаме доволно време за да си допуштиме долга топла бања, но денес имате изобилство од време токму за вакво уживање. Па, зошто да не се спуштите во топла вода и да направите нешто корисно за Вас? Направете пријатна атмосфера.

Пробајте со светлина од свеќи. Ова ќе создаде романтична атмосфера и ќе може да се предадете на сонувањето. Но, бидете внимателни – ако ги поставите свеќите на погрешно место, зависите можат да почнат да горат! Сигурно не посакувате оваа вечер да се претвори во ваква драма... Но, можеби згоден пожарникар ќе се појави за да ви помогне J!

4. Запишете ги вашите Новогодишни одлуки

Оваа година веќе ги постигнавте поставените годишни цели. Сега, потребни ви се нови планови за новите денови што следуваат, тие веќе тропаат на вашата врата.

  • Можеби нешто не успеавте да завршите оваа година,
  • дали сакате да подобрите нешто што веќе го постигнавте,
  • да пробате нешто ново,
  • да поправите некои стари грешки?

На сите овие прашања добро е да имате одговор, а ова ќе зависи од вашето новогодишно расположение. Затоа направете ја атмосфера колку што е можно посреќна и поуспешна.

5. Наздравете

Конечно пристигна - Нова Година. Надвор се гледаат огномети, небото е како новогодишна елка и сè е блескаво и сјајно како сите да чекаат на Вас. Можеби ова е вистина, а ако не –па зошто да не ја пуштите вашата фантазија? Сега, Вие сте ѕвезда на вечерта.

Почувствувајте ја радоста на луѓето кои ја прославуваат оваа вечер и се надеваат дека следната ќе биде подобра или барем среќна како и претходната. Треба и Вие да имате слични желби. Од каде да знаете, можеби ѕвездата што паѓа ќе ни помогне желбите да станат стварност..