Разубавете ги нозете
Најголем дел од жените трошат многу време и пари на нега на кожата од лицето, но за сметка на тоа ги запоставуваат другите делови од телото. Нозете особено лошо го поднесуваат ова запоставување, па со текот на годините, почнуваат да изгледаат лошо поради генетски фактори, оштетување од сонцето, пораѓања итн.
Погледнете како да ги третирате нозете за да бидат убави и нежни
Најголем дел од жените трошат многу време и пари на нега на кожата од лицето, но за сметка на тоа ги запоставуваат другите делови од телото. Нозете особено лошо го поднесуваат ова запоставување, па со текот на годините, почнуваат да изгледаат лошо поради генетски фактори, оштетување од сонцето, пораѓања итн.
Справете се со целулитот
Целулитот настанува поради фактот што масното ткиво се насобира во грутки, кои меѓусебно се поврзани со влакнести нишки. Состојбата со дупчињата во кожата се влошува значително кога Вашиот организам задржува повеќе вода, па масните топчиња се подуваат.
За да се справите со ваквата состојба, избегнувајте храна која задржува повеќе вода (првенствено солени грицки и друга претерано солена храна). Започнете да вежбате и работете на зголемување на мускулното ткиво. Жените кои имаат поголемо мускулно ткиво имаат и подобра циркулација на крвта, кај нив се задржува многу помалку вода
Хидрација и масажа
Зацврстувањето и измазнувањето на кожата на нозете значително ќе придонесе деловите со целулит да изгледаат поцврсти. Во текот на туширањето, измасирајте ги нозете со млазот вода, па со рацете.
Откако ткивото ќе се опушти сосема, по излегувањето од тушот, со кружни движења нанесете хидратантен крем на база на витамин А. Ваквата процедура ќе помогне во измазнувањето и зацврстувањето на набраната кожа.
Минимизирајте ги стриите
Наглото зголемување на телесната тежина или пак бременоста, со себе носат едно непријатно изненадување – растегнување на кожата, при што остануваат црвени линии кои наликуваат на лузни. Кај луѓето со посветол тен, за приближно една година бојата се претвора во бела или сива, но кај оние со потемен тен, остануваат позабележливи.
Во секој случај, кожата со стрии секогаш е набрана и мека. Најдобро е да се дејствува при самото настанување на стриите, затоа што тогаш има најдобри шанси да се спречи формирањето лузни. Побарајте некој производ кој содржи екстракт од кромид и нанесувајте го на местото со стрии двапати дневно во текот на 12 недели.
Доколку се работи за постари стрии, можете да се обидете со крем кој содржи третиноин (моќна киселинска форма на витаминот А). Нанесувајте го тој крем секоја ноќ во текот на 12 недели и можете да се надевате на значително подобрување на местата со стрии.