Престанете со пушењето и заштитете ја Вашата коса
Доколку имате оштетена и тенка коса и ништо не помага, пред да тргнете во потрага по шампони и регенератори што ќе ја подобрат ситуацијата, обидете се со поедноставното решение - оставете ги цигарите.
Ослободете се од цигарите и имајте цврста и сјајна коса!
Доколку имате оштетена и тенка коса и ништо не помага, пред да тргнете во потрага по шампони и регенератори што ќе ја подобрат ситуацијата, обидете се со поедноставното решение - оставете ги цигарите.
Веќе одамна е познато дека цигарите се генерално штетни за здравјето. Секако, тоа не го исклучува и здравјето на косата. Цигарите директно влијаат на дебелината на влакното, а со тоа и на квалитетот.
Можете да користите бројни производи за заштита на косата (специјални шампони, регенератори, балсами итн.), но тие ќе бидат апсолутно бескорисни доколку пушите, особено ако сте страстен пушач (повеќе од 2 кутии дневно).
Тутунот со неговите карактеристики ќе ги поништи корисните ефекти од сите заштитни препарати.
Една од многуте токсични материи што се наоѓаат во цигарите директно влијае врз ДНК на коренот од влакното. Ова придонесува влакната да стануваат сѐ потенки со текот на времето.
Дополнително, влакната кај пушачите обелуваат (го губат пигментот) далеку побргу отколку кај непушачите.
Цигарите влијаат и на побрзото опаѓање на косата, особено кај жените.
Доколку навистина се грижите за изгледот на својата коса, конечно е време да се откажете од цигарите.
Не само што за брзо време косата ќе ви изгледа подобро, туку ќе имате и други здравствени придобивки и подобрено расположение.