Променете ги навиките за брзо слабење
Навиките на луѓето што вежбаат во теретана се разликуваат, но речиси сите имаат едно нешто заедничко – на почетокот се посветуваат на кардиоваскуларните вежби...
Навиките на луѓето што вежбаат во теретана се разликуваат...
...но речиси сите имаат едно нешто заедничко – на почетокот се посветуваат на кардиоваскуларните вежби (стационарен велосипед, елиптична справа, лента за трчање итн.), а дури потоа се префрлаат на вежбите со тегови.
Последните совети од фитнес професионалците велат дека нештата треба да се прават во обратен редослед.
Организмот функционира според точно определени принципи. Кога согорува енергија, првиот извор по којшто посега се шеќерите, а дури откако ќе ги согори, се префрла на мастите.
Можете да ги согорите шеќерите вежбајќи со тегови, а кога тие ќе се истрошат, да се оддадете на кардиоваскуларните вежби, со што ќе согорите многу повеќе масти.
Според ова, оптималниот тренинг треба да го следи овој рецепт: на почетокот 10 минути се посветуваат на вежби за растегнување и загревање, потоа половина час вежби со тегови и на крајот половина час интензивни кардиоваскуларни вежби.
Ефикасноста е клучен фактор при концепирањето на тренинзите.
Токму затоа кардио вежбите наменети за подигнување на пулсот и трошење на вишокот масти не треба да се изведуваат на почетокот.
На почетокот од тренингот треба да бидат вежбите коишто се најинтензивни – вежбите со тегови.
Кога тренингот го започнувате со вежби со тегови, им давате сигнал на мускулите да ги активираат протеините што трошат поголем број калории додека вежбате.
Па така, иако најверојатно ќе се истрошите по 30 минути вежбање, организмот ќе биде подготвен за согорување повеќе масти отколку во кое било друго време.
Многу луѓе одбегнуваат вежби со тегови, мислејќи дека тие ги поништуваат ефектите од кардио вежбите, но запомнете – мускулите многу побргу ги јадат мастите, па доколку сакате да се ослободите од салото еднаш и засекогаш, едноставно ќе мора да посегнете по теговите.
Колку повеќе мускулна маса имате на себе, толку повеќе енергија ќе трошите.