Дали некогаш е прежешко за вежбање?
Во деновите кога температурата доаѓа блиску или пак дури и го надминува четириесеттиот степен, време е да се запрашаме – дали некогаш е прежешко за вежбање?
Во деновите кога температурата доаѓа блиску или пак дури и го надминува четириесеттиот степен, време е да се запрашаме – дали некогаш е прежешко за вежбање?
Сите вежбаме со една цел, одржување на здравјето, но дали е можно со вежбање на преголема температура да си правиме противуслуга? Според брачниот пар Фред Девито и Елизабет Хафпап, професионални фитнес тренери, кога температурата ќе се качи над 30 степени, вежбањето влегува во ризичната зона. Колку повеќе се зголемува температурата, нараснува и ризикот од изнемоштување, грчеви во мускулите, топлотен удар итн. Но, тоа не значи дека треба да престанете да вежбате. Ако сакате да го задржите сопствениот стил на вежбање, тогаш тренинзите поместете ги рано наутро или доцна навечер, кога температурите не се толку високи. Од друга страна пак, доколку презафатеноста не Ви дозволува да направите таква промена, во периодот со високи температури вежбајте во теретана (која треба да биде климатизирана) или пак започнете да пливате. Логично, вежбите во вода се оптимални за летните денови, но ако немате можност за такво нешто во близина на местото на живеење или пак пливањето не Ви се допаѓа, тогаш одлучете се за климатизирана теретана или фитнес центар. По секоја цена избегнувајте вежбање на отворено во периодите на интензивна сончева топлина, затоа што на тој начин ризикувате бројни здравствени компликации, дури и мозочен удар. Ако вежбате наутро или навечер, носете лесна облека, задолжително на главата ставете шапка, деловите од кожата што не се покриени со облека премачкајте ги со масло или млеко за сончање и нормално, во секој момент со себе носете шишенце вода. Доколку почувствувате тешкотија при дишењето, вртоглавица или пак некое друго невообичаено чувство, престанете со тренингот.