Како до прекрасен и здрав тен
Многумина му се радуваат на сонцето и му дозволуваат да допре до делови од нивната кожа, која долго време била целосно покриена. Така и треба! Сонцето е важно за нашиот живот, а борбата помеѓу убавиот тен и аристократската бледост одново започнува.
Многумина му се радуваат на сонцето и му дозволуваат да допре до делови од нивната кожа, која долго време била целосно покриена. Така и треба! Сонцето е важно за нашиот живот, а борбата помеѓу убавиот тен и аристократската бледост одново започнува.
Аристократски тен
Некогаш, за најубава се сметала онаа кожата што никогаш не го видела сонцето. Само богатите дами можеле да си дозволат чадори за сонце и шапки, додека сиромашните жени морале да работат под силното сонце. Но, во денешно време веќе не е така. Денес знаеме дека сонцето е важно за кожата затоа е важен фактор во создавањето на витаминот Д. Но, исто така е точно дека премногу сонце може да предизвика рак. Токму затоа најдобрите решенија се некаде во средината.
Типови кожа
Секој има различне тип кожа, кој е различно чувствителен на сонцето и има различна можност за добивање убав тен. Различните типови бараат различна нега пред и по излегувањето на сонце. Најважно е правилото – колку е почувствителна кожата, толку е поголем заштитниот фактор.
Знаеме за 6 типови кожа, но на нашето поднебје најчесто се среќаваме со четири:
Тип 1 Луѓе со многу светол тен, пеги, црвенкаста коса и сини очи. Како што претпоставувате, овие луѓе се изложени на најголем ризик при изложеноста на сонцето. Ним им се препорачува да се држат до сенките, а задолжително да користат заштитен фактор 20 или повеќе, бидејќи многу бргу горат на сонце. Тип 2 Луѓе со руса коса, светол тен и очи со светла боја (зелени, сини, сивкасти). Овој тип е типичен за северна Европа и е подеднакво чувствителен како и типот 1, па потребна е и соодветна заштита. Овој тип има поголеми шанси да добие убав тен, но потребна е правилна нега за да се стигне до него. Тип 3 Најголем дел од Европејците имаат ваков тип кожа, која има нормален тен, темна руса до кафеава коса и сивкасти или кафеави очи. Можноста за горење од сонцето е умерена, но сепак е потребна нега пред и по сончање. Тип 4 Овој тип исто така е познат и како медитерански тип, со светло кафеава или маслинеста кожа, црна коса и очи. Најсреќните припадници на овој тип горат од сонцето само на плажа. Но, тие исто така не смеат да заборават на заштитата, затоа што лосионите не се нанесуваат само поради изгореници.
Првпат на сонце
Кога првпат излегувате на сонце, без разлика дали за сончање или не, можно е бргу да изгорите. Дури и ако Ви се чини дека сонцето не е толку силно и дека ќе поминете без последици, тоа не е сосема точно. Сепак нанесете крем за сончање за здрава и бавно исончана кожа. Добар тен може да се добие само преку добра основа.
Први промени
Ако правилно нанесете лосион за сончање, разликите веројатно нема да бидат забележливи веќе следниот ден, туку нешто подоцна. Кожата на тој начин полесно ќе се приспособи на сонцето и тенот ќе остане подолго отколку ако уште првиот ден изгледате црвени како рак.
Нега по сончање
Прво треба да се истуширате, со што ќе ја изладите и исчистите кожата. Потоа треба да се нанесат лосиони, креми, итн. Со оглед на тоа што кожата најверојатно е малку дехидрирана, погрижете се да ги поврати загубените супстанци. Нанесете помасен крем и ќе видите колку брзо ќе го апсорбира.
Прва помош
Ако се појави непосакуваното црвенило на кожата, најважно е ладењето и хидрирањето. Нанесете масен крем за ладење. Домашните рецепти се јогурт (кисело млеко) и алое вера. Ако внимателно го изведете ова, црвенилото за неполн ден може да започне да се менува во здрава боја, но следниот пат бидете повнимателни.