Нема производи во вашата кошничка.

Подобрете го квалитетот на живот во Вашиот дом

Домот е едно од најважните места во нашиот живот затоа што тоа е место каде можеме да се одмориме и повторно да се наполниме со енергија за соочување со секојдневните предизвици. Еве неколку совети за тоа како да го подобрите квалитетот на живот во вашиот дом.

Домот е едно од најважните места во нашиот живот затоа што тоа е место каде можеме да се одмориме и повторно да се наполниме со енергија за соочување со секојдневните предизвици. Еве неколку совети за тоа како да го подобрите квалитетот на живот во вашиот дом.

1. Свеж воздух

Квалитетот на воздухот е еден од најзначајните фактори кои придонесуваат кон подобро здравје.

Проветрување

Местото во кое живеете треба да го проветрувате најмалку 3 пати во денот. Отворете ги прозорците и создадете мал провев со што ќе е ослободите од непријатните мириси и честичките прав во воздухот. 

Одберете го вистинското време

Во одредени периоди од годината, како што се топлите летни месеци и студените зими, отворањето на прозорците е всушност лоша идеја. Летно време отворете ги прозорците рано наутро или доцна навечер, додека пак зимно време тоа правете го неколку пати во денот по неколку минути. 

Влажноста на воздухот

Квалитетот на воздухот зависи и од нивото на влажност во собата. Ова можете многу лесно да го регулирате со помош на модерните уреди како што се навлажнувачите на воздух и отстранувачите на прекумерна влага.

2. Редовно чистење

Редовното чистење има многу голем придонес во квалитетот на животот во вашиот дом.

Несакани гости

Чистењето ви помага да го намалите присуството на несаканите гости во вашиот дом како што се бактериите, микробите, вирусите, прашинските грини и другите организми кои го нарушуваат вашето здравје. 

Колку често треба да чистите?

Ова најмногу зависи од индивидуалните потреби и животниот стил, но основното чистење (поминување со правосмукалка, бришење прашина, итн.) треба да го правите еднаш неделно.

Со или без хемикалии?

Нема прецизен одговор на ова прашање. Логично е, доколку се работи за отстранување на потврдокорни дамки, да се користат детергенти, додека пак секојдневното бришење прашина може да се прави само со вода.

3. Внатрешна декорација

Декорацијата на вашата соба е многу важна за зголемување на удобноста.

Мебел

При изборот на мебелот постои едно правило: одберете ги оние парчиња кои ви се допаѓаат и во кои се чувствувате пријатно.

Простор

Најголемата грешка која ја прават луѓето е што го пренатрупуваат домот со непотребни работи уништувајќи ја удобноста и намалувајќи го просторот со кој располагаат.

Декорација

На секој дом му се потребни едноставни декоративни детали, но внимавајте да не претерате. Ставете неколку слики, цвеќиња и сувенири кои ви значат.

4. Што не треба да правите

Постојат неколку работи кои никогаш не треба да ги правите дома бидејќи влијаат на квалитетот на вашиот живот.

Пушење

Пушењето е штетна навика, која е уште понепријатна доколку ја практикувате дома. Димот од цигарите го уништува квалитетот на воздухот, и навлегува во секоја соба и во целиот ваш мебел.

Домашни миленичиња

Многу често луѓето им дозволуваат на своите домашни миленичиња да се движат низ целиот дом и да се качуваат по креветите, фотелјите, масите, столиците, итн. - ова е голема грешка. Ограничете го нивниот простор.

Чевли

Многумина не ги замолуваат гостите да ги соблечат чевлите пред да влезат во нивниот дом, бидејќи се многу љубезни. Вие не треба да бидете едни од нив. Понудете им удобни домашни папучи и проблемот е решен. Вашиот дом е ваш храм и вие имате право да го заштитите.