Kако можете да го подобрите имунитетот
Во периодот кога насекаде околу вас има луѓе болни од настинка и грип, многу е важно да имате силен имунолошки систем, за да го намалите ризикот од инфекција. Покрај стандардните начини за зајакнување на имунитетот, обидете се и со неконвенционалните начини.
Во периодот кога насекаде околу вас има луѓе болни од настинка и грип, многу е важно да имате силен имунолошки систем, за да го намалите ризикот од инфекција. Покрај стандардните начини за зајакнување на имунитетот, обидете се и со неконвенционалните начини.
1. Растегнувајте ги мускулите и медитирајте
Луѓето кои поминуваат 45 минути дневно во медитација, а истовремено вежбаат умерено (како на пример: пешачење, јога или растегнување на мускулите), имаат и до 50% помал ризик од респираторни инфекции.
2. Пијте жежок чај или кафе
Во споредба со луѓето кои не пијат кафе или чај, тие што пијат имаат и до 50% помал ризик за префаќање на МРСА, опасната бактерија која е отпорна на антибиотици, а навлегува преку носната празнина.
3. Бидете оптимистички настроени
Луѓето кои имаат оптимистички поглед на светот (оние што се среќни, опуштени и задоволни од животот) имаат и помал ризик од настинки отколку луѓето што се песимисти (депресивни, анксиозни или непријателски настроени).
4. Заштитете се со пробиотски производи
Корисните бактерии што се содржат во пробиотските јогурти и другите видови ферментирана храна помагаат во заштитата од настинки и други инфекции на горниот респираторен тракт.
5. Одете во сауна
Во една австриска студија било откриено дека луѓето кои оделе во сауна двапати неделно, фатиле двапати помалку настинки во период од шест месеци, во споредба со оние кои не посетувале сауна.
6. Јадете пилешка супа
Овој лек се користи за третман на настинки уште од 12. век и навистина има медицинска вредност. Супстанцата наречена карнозин, која ја има во пилешката супа и пилешките гради, помага при зајакнување на имунолошкиот систем, но и за олеснување на симптомите од грипови и настинки.