Оптимизмот е клучен фактор за слабеење
Во една студија спроведена со испитаници жени кои имале за цел да ја намалат тежината за што е можно пократко време, било откриено дека оние што имале позитивен однос кон слабеењето имаат многу поголеми шанси да успеат во својата намера, отколку оние кои му пристапуваат на проектот од негативна почетна точка.
Кога станува збор за намалување на телесната тежина, се чини дека односот кон целиот процес игра многу важна улога.
Во една студија спроведена со испитаници жени кои имале за цел да ја намалат тежината за што е можно пократко време, било откриено дека оние што имале позитивен однос кон слабеењето имаат многу поголеми шанси да успеат во својата намера, отколку оние кои му пристапуваат на проектот од негативна почетна точка.
Помеѓу другите фасцинантни нешта, во посочената студија било откриено и дека:
- Испитаничките кои позитивно размислувале за менаџирањето на телесната тежина имале многу поголеми шанси да ја достигнат специфичната, зацртана цел отколку оние што негативно гледале на слабеењето. - Не само што жените што биле позитивно настроени кон процесот на намалување на телесната тежина многу полесно стигнувале до целта што сами си ја поставиле, туку забележани се 8 пати помали шанси за враќање на тежината по крајот на програмата, во споредба со „негативните“. - Жените кои размислуваат позитивно во врска со менаџирањето на телесната тежина имаат 25% поголеми шанси успешно да ја одржат посакуваната телесна тежина. - 9 од 10 жени кои позитивно размислувале за менаџирањето на телесната тежина успеале на долг рок да ја одржат или дури и дополнително да ја намалат телесната тежина, во споредба со помалку од половина од испитаничките што имале негативен пристап.