Нема производи во вашата кошничка.

Што вашето омилено животно кажува за вашата личност?

Дали имате омилено животно? Дали знаевте дека изборот на ваше омилено животно открива нешто за вашата личност? Ајде да погледнеме!

Мајмун

Мајмуните се весели, немирни и секогаш се во движење, притоа никогаш не земајќи ги сериозно своите животи. Слично на нив, вие секогаш сакаате да ги забавувате луѓето околу вас,  што ве прави да бидете ѕвезда за време на забавите и другите општествени настани. Но има нешто подлабоко што се крие во таа весела природа – тага која се обидувате да ја сокриете преку покажувањето на вашето добро расположение.

Був

Бувовите се мудри и смирени суштества. Бирањето був за омилено животно покажува дека  вам ви е многу поважно какви се луѓето одвнатре отколку надвор.  И исто како и бувовите што можат да гледаат навечер вие исто така можете да гледате низ лажните луѓе и нивните измами. Многумина веројатно би се обиделе да ве жигосаат како „штребер“ бидејќи знаењето е концепт врз кој го базирате сиот свој живот.

Мечка

Од една страна, мечките се страшни, но се исто така и грижливи и полни со емоции едни кон други. Вие давате импресија дека се детерминиран, студен па дури и безмилосн човечко битие, но под тој ваш груб ентериер се крие топло и чувствително срце.  Вие сакате да ве галат, но оваа интимна страна ја покажувате само на луѓето кои ви се најблиски.

Лисица

Лисиците се брзи и итри. Исто како кога се обидувате да ги убедите луѓето околу вас да прават тоа што сакате да го прават. Вие сте мајстор за манипулации,  која зрачи со шарм и е одличен соговорник. Многумина ве обожуваат, но вие имате релативно малку пријатели бидејќи не г сакате многу луѓето и покрај вашата наводна отвореност.

Лав

Лавот е кралот на џунглата. И исто како и вашето омилено животно, вие се сметате себе си за крал на вашата џунгла – семејство, одделот кај работите, заедницата итн.  Вие се сметате себе си за подобар од останатите луѓе,  бидејќи сте многу подетерминирани и похрабри отколку просечните луѓе во вашиот живот.

Птица

Птиците се кралеви на височините. Вие сте ги избрале да бидат вашие омилени животни бидејќи понекогаш сакате да се ослободите себе си од канџите на секодневието,  сакајќи да ја вкусите слободата која ја имаат птиците  додека летате високо над вашиот свет. Вие сте чувствително човечко битие кое не се когашс е вклопува меѓу луѓето. Луѓето на вас гледаат како малку чудни, но тоа е сосема во ред бидејќи и вие ги гледате на ист начин.

Пеперутка

Пеперутките се прекрасни суштества кои имаат способност да прават големи промени во светот преку мали дела. Вие самите сте нежни личности,  кои сонуваат дека ќе го променат светот со цел да биде подобро место, но вашата срамежливост ве спречува всушност да бидете движечката сила позади големите промени во светот. Наместо тоа, вие се фокусирате на малите добри дела честопати давајќи им предност на потребите на останатите луѓе во однос на вашите.

Волк

Волците се жестоки и итри грабливци кои вложуваат многу напор з ада дојдат до тоа што го сакаат. Исто како и вашето омилено животно, вие  сте детерминирани да го добиете тоа што го сакате во животот,  преку (скоро) сите расположливи средства. Некои луѓе гледаат на вас како закана поради ова но вам тоа не ви пречи бидејќи знаете многу добро дека мора да се прават жртви со цел да се успее.

Тигар

Тигарот претставува моќ, истрајност и одлучност. Тоа се три работи кои вие сакате самите да ги имате бидејќи понекогаш ви недостасуваат.  Вие сакате да бидете посилни, побрзи, помудри, помоќни и поуспешни за да им служите подобро на сите луѓе кои  ги сакате. Кога некој им се заканува на луѓето и работите кои ги сакате, вие станувате безмилосен грабливец кој е способен да помине секоја препрека за да го сочува својот начин на живеење.

Свиња

Свињите се многу емотивни и интелигентни животни. И вие ја цените емотивната интелигенција кај луѓето многу повеќе од рационалната интелигенција, па затоа  се окружувате себе си со уметници и креативни луѓе,  наоѓајќи енергија и мотивација кај нивниот опуштен став. Понекогаш вие сте дезорганизирани, правеќи вистински хаос од вашиот живот – исто како и дувлото на вашето омилено животно.

Коњ

Коњите се елегантни, горди и силни суштества. Вие сакате да бидете исти како нив па затоа се обидувате да се фокусирате на вашата работа и  да постигнете успех сами те без да им дозволите на другите да ви помогнат. Вие сте слободни во духот но често вашата желба за успех ве присилува да следите и да им се поклонувате на другите, правејќи да се чувствувате заробени во свет во кој навистина не сакате да бидете дел од.

Слон

Слоновите се моќни, смирени и имаат добра меморија. Вие сакате да бидете како нив притоа оддавајќи импресија на  навистина рационална, интелигентна и резервирана личност. Вие сте љубезни кон луѓето ако се тие љубезни кон вас. Ако не се, вие многу бргу ја покажувате својата осветољубива природа. Вашата скромност прави луѓето околу вас да се чувствуваат опуштено.

Мачка

Мачките се многу независни животни кои сакаат да го истражуваат светот на свој начин. Исто како и вие.  Вие не посветувате многу внимание на правила, номративи или стандарди кои се поставени во општеството во кое живеете,  наместо тоа следите свој начин на живеење со свои правила. Ова е  причината поради која луѓето ве перципираат како чуден, дистанциран и ладен, но ова е далеку од вистината.

Куче

Кучињата се многу лојални и им е потребно многу внимание. Исто како и вас – вие давате безрезервна љубов за заслужни луѓе во вашиот живот и апсолутно цветате кога тие ќе ви возвратат.Вие  живеете многу активен живот, покажувате интерес за многу, многу работи.  Но селектирањето енергија и време за толку многу работи ве спречува навистина да станете мајстори за било која од нив.