Нови начини за слабеење
Есента и зимата се период кога најмногу се зголемува телесната тежина. За да се вратите во нормалата, потребно е малку да се испотите. Ова се неколку совети за најефикасно вежбање.
Есента и зимата се период кога најмногу се зголемува телесната тежина. За да се вратите во нормалата, потребно е малку да се испотите. Ова се неколку совети за најефикасно вежбање.
Забрзајте го темпото
Искористете ја музиката како мотивација. Најдете песни со брз ритам кои Ве мотивираат и внесете ги во телефонот или mp3 плеерот кој го носите со себе при вежбање. Експертите велат дека мотивацијата од музиката Ви помага да вежбате подолго и поинтензивно.
Создадете си персонализиран тренинг
Интернетот е моќна алатка која можете да ја користите за сите намени, па зошто да не и за создавање тренинг рутина за Вашите потреби. Побарајте вежби, видеа од вежби, совети и описи кои се специјализирани за вежбање на проблематичните делови од Вашето тело, т.е. делови на кои имате најмногу масни наслаги. На овој начин, веќе нема да мора да одите во теретана и да плаќате некој друг да Ви создаде режим на вежбање.
Вклучете ги социјалните мрежи во тренингот
Модерниот живот веќе не може да се одвои од користењето на социјалните мрежи, особено Twitter и Facebook. Искористете го ова во своја полза и вклучете ги во тренинзите. Следете ги страниците кои нудат корисни совети за вежбање и постирајте ги плановите и целите. Кога целиот социјален круг на овие мрежи ќе знае што сте намериле, ќе Ви биде потешко да прескокнете тренинг. На крајот на краиштата, ако ништо друго, ова може да резултира и со склучување нови пријателства во реалноста, со луѓе кои ја делат љубовта кон вежбањето.