Цврсти и сјајни нокти
Многу мажи, кога ќе ги прашате, велат дека прво нешто што го забележуваат кај понежниот пол, се рацете и ноктите. И навистина, тие многу зборуваат за вниманието кое жената си го посветува, како и за нејзиниот карактер и самодоверба.
Правилна нега за цврсти и сјајни нокти
Од миење садови или перење облека, но и од други домашни активности, студ, често нанесување и отстранување на лак, ноктите можат да станат кршливи, да се разлистаат и да изгубат сјај. Затоа, и ним им е потребна нега полна со хранливи масла и витамини.
Многу мажи, кога ќе ги прашате, велат дека прво нешто што го забележуваат кај понежниот пол, се рацете и ноктите. И навистина, тие многу зборуваат за вниманието кое жената си го посветува, како и за нејзиниот карактер и самодоверба. Но, за жал, повеќето жени се преокупирани со домашни активности кои неповолно влијаат врз квалитетот и естетскиот изглед на ноктите. Тие, пак, посебно се сушат од постојаното нанесување и отстранување на лак.
Што треба да правите за да имате повторно убави раце со блескави нокти?
Правилен маникир
Сите козметичари се сложуваат дека кратењето на ноктите со ножички може да ги оштети, како и да предизвика ситни инфекции на кожата околу ноктите. Затоа набавете грицкалка со која инаку, се изведуваат одлучни и прецизни резови. По скратувањето на ноктите со грицкалка, употребете картонска турпија за да ги измазните острите работи и да ги обликувате ноктите. Никако немојте да стругате напред-назад, бидејќи така може да ги разлистате, туку секогаш стругајте ги во една насока.
Хранлив третман
Одвреме-навреме, ноктите негувајте ги со дополнително внимание. Тоа значи дека треба да направите хранлив третман, навечер, пред спиење: на рацете нанесете богат слој на хранлив крем (крем богат со масла и витамини). Неговите состојки ќе ја направат кожата мазна и сјајна и ќе го зајакнат кератинот (од кој се состојат ноктите). Потоа навлечете посебни памучни ракавици и така преспијте. Наутро, измијте ги рацете со млака вода и повторно нанесете тенок слој на крем.
Враќање на сјајот
И покрај тоа што современите лакови за нокти главно содржат додатоци кои ги зајакнуваат, долготрајното лакирање и отстранување на лакот треба да се прекине барем на 1 недела за да им се врати на ноктите природниот сјај.
Во едно малечко стаклено шишенце ставете 1 лажица квалитетно маслиново масло и капнете 10 капки есенцијално масло од лимон (тоа избелува и го враќа сјајот). Добро протресете ја содржината и потоа со топче памук нанесете по 1 капка на секој нокт и истријте го ноктот додека да го впие маслото.