Неколку чекори до поголема самодоверба кај жените
Автосугестијата е многу моќна работа. Со неколку едноставни вежби ќе можете да ја подигнете самодовербата и на тој начин да ги подобрите речиси сите аспекти од животот.
Неколку чекори до поголема самодоверба кај жените
Автосугестијата е многу моќна работа. Со неколку едноставни вежби ќе можете да ја подигнете самодовербата и на тој начин да ги подобрите речиси сите аспекти од животот.
Дружете се со позитивни луѓе
Постојат луѓе кои наместо да Ви даваат енергија, Ве исцрпуваат со својот негативен однос. За да бидете среќни, задоволни и полни со самодоверба, одберете да се дружите единствено со оние луѓе што прават да се чувствувате добро.
Клучот е во насмевката
Кога во некоја просторија ќе влезе некој што на лицето има насмевка, веднаш ќе биде забележан од сите. Позитивната енергија влијае на привлечноста. Без разлика што се случува, потрудете се секогаш да имате насмевка на лицето и нема да има нешто што нема да можете да го направите.
Поттикнете ја самодовербата
Самодовербата придонесува за истакнување на убавината. Секој човек има недостатоци, но оние кои се свесни за своите недостатоци и гордо ги истакнуваат, покажуваат дека се многу подлабоки личности и дека се полни со самодоверба. А самодовербата го зголемува сексапилот.
Поубави сте одошто мислите
Доколку се фокусирате на барање недостатоци, несомнено ќе ги најдете, затоа што никој не е совршен. Токму затоа, кога следниот пат ќе се погледнете во огледало, гледајте ја целата слика. На Вас има толку многу нешта што Ве прават убави, што е бесцелно да се опседнувате со ситните недостатоци кои Ви ја уништуваат самодовербата.
Гледајте ги совршените фотографии
Кога ги прелистувате фотографиите во албумот (или во хард-дискот), секогаш задржувајте се на оние на кои изгледате совршено. Тие ќе Ви помогнат во подигнување на самодовербата, зашто ако во некој момент од времето сте изгледале толку добро, нема причина зошто тоа да не се повторува и тогаш кога се сомневате.
Разгалете се
Понекогаш, кога не се чувствувате доволно самоуверени, отидете на фризер, на козметичар, купете си некое убаво парче облека итн. Посветеноста кон себеси и тоа како е важна за самодовербата.