Нема производи во вашата кошничка.

3 најомразени женски навики

Секој маж е различна личност со различни размислувања, но постојат одредени нешта кои се заеднички за целиот род. Тука спаѓаат и женските навики кои ги мразат сите мажи.

Секој маж е различна личност со различни размислувања,...

...но постојат одредени нешта кои се заеднички за целиот род. Тука спаѓаат и женските навики кои ги мразат сите мажи.

1. Несоодветни споредби

Секој маж мрази кога неговата партнерка несоодветно ќе го спореди со татко ѝ, брат ѝ, поранешниот партнер, мажот со кој ја загубила невиноста или кој било друг маж што ја видел гола. Зошто? Бидејќи импликацијата е дека тој е на одреден начин инфериорен во споредбата и тоа прави да се чувствува лошо за себеси. Оваа споредба е дозволена единствено во случајот кога се истакнува дека тој е подобар од другите мажи во нејзиниот живот.

2. Сугестии за подобрување

Без разлика што жените мислат, најголем дел од мажите се среќни со себеси, такви какви што се. Кога жените ќе се погледнат во огледало, најчесто ги гледаат само своите недостатоци, но кога мажите ќе се погледнат во огледало, најчесто се задоволни од она што го гледаат. Токму затоа, обидите за „подобрување“ што жените ги прават со своите партнери најчесто се неуспешни и ги оставаат мажите зачудени и иритирани. Тоа се должи на имплицитното прашање – ако толку многу нешта не ѝ се допаѓаат кај него, тогаш зошто воопшто е со него?

3. Реченицата: „Треба да знаеш зошто сум лута“

Никој маж не знае. И не треба да знае, бидејќи никој не може да чита мисли и најчесто не може да го забележи субтекстот и скриените пораки во женската комуникација. Ако таа му е лута, а тој не знае зошто, тоа не значи дека не му е грижа за нејзините чувства. Мажите сакаат да знаат што е тоа што направило нивните партнерки да се чувствуваат лошо, за да можат да ја поправат ситуацијата или во најмала рака, да се погрижат истото да не се случи повторно. Но, мажите имаат потреба да им биде кажано, јасно и гласно, каде и како погрешиле.