Нема производи во вашата кошничка.

Како до најдобар одмор

Одморот најпосле пристигна. Сте го чекале тој краток период целата година, па затоа постои опасност да помине додека трепнете. За да го избегнете тоа, подгответе се најдобро што можете.

Подгответе се за одмор кој ќе го паметите цел живот

Одморот најпосле пристигна. Сте го чекале тој краток период целата година, па затоа постои опасност да помине додека трепнете. За да го избегнете тоа, подгответе се најдобро што можете.

Бидете опуштени

Најдобар начин да стигнете до опуштен одмор е да го започнете опуштено. Во периодот непосредно пред одморот, спијте доволно и одмарајте се, но не заборавајте и на физичката активност. На тој начин ќе го започнете одморот опуштени и полни со енергија.

Имајте сопирачки

Пред одморот, обидете се постепено да го исклучувате мозокот од секојдневниот стрес. Правете по една или две паузи дневно, излезете во природа или правете нешто што Ве релаксира. Паузите не мора да бидат долги – доволно е и половина час дневно, за да можете лесно да преминете во фазата на одмор.

Кажете не

Важно е да знаете дека одморот е наменет лично за Вас, не за работодавачот, не за родителите, пријателите или кој било друг во животот. Можете да кажете „не“ без грижа на совест доколку некој од нив побара да завршите дополнителна работа пред заминување.

Испланирајте го одморот

Можеби дестинацијата што сте ја одбрале Ви изгледа божествено, но одморот е толку кус што не можете да си дозволите непотребни ризици. Ако немате пријател што веќе бил на местото каде што ќе одите за да се консултирате, седнете на интернет и убаво истражете ги сите детали.

Секогаш имајте план Б

Без разлика каде и со која цел патувате, секогаш нешто може да тргне наопаку. Ова особено важи за одморите. Токму затоа, покрај примарниот план за организација на времето, секогаш имајте си и план Б, кој ќе можете да го активирате доколку пропадне некој дел од првиот план.

Заборавете на сè

Она што е неопходно, а поврзано со обврските, средете го пред да заминете на одмор. На тој начин ќе можете да си дозволите да заборавите на телефонот, компјутерот, сите форми на комуникација. Одморот треба да биде време кога ќе се тргнете од секојдневието и ќе си се посветите себеси.

Мислете само на одморот

Неколкуте денови кои Ви претстојат се време кога треба да ги наполните батериите за уште една година. Искористете ги мудро.