Митови за ќелавоста
Годините на жените најдобро се огледуваат на вратот. Затоа, доколку сакате да ги скриете, следете ги едноставните совети за грижа.
Речиси две третини од мажите започнуваат да ќелават до шеесетгодишна возраст. Најголем дел од нив трошат многу пари во обидот да го спречат тој процес. Лек за ќелавост не постои, но постојат многу причини за кои мажите беспотребно се загрижени.
Ќелавоста се пренесува од страната на мајката
Иако генот за ќелавост се наоѓа во хромозомот икс кој мажите го добиваат единствено од страната на мајката, тој не е пресуден за ќелавоста. Секако, значително ги зголемува шансите за оќелавување, но истражувањата покажале дека мажите кои имаат ќелави татковци имаат многу поголеми шанси за побрзо оќелавување и тоа на истиот начин како нивниот татко, отколку оние чиј татко не е ќелав.
Доколку ќелавите, тогаш сте стар
Напротив, ќелавењето може да започне уште во тинејџерскиот период, а во денешно време е прилично често кај мажите од дваесет до триесет години. Она што е точно е дека колку порано започне, толку пострашна ќе стане со текот на годините.
Носењето шапка предизвикува ќелавост
Добрата вест за мажите што ги сакаат своите шапки е дека тие не придонесуваат за ќелавост. Единствен исклучок се валканите шапки кои можат да предизвикаат инфекција на скалпот и на тој начин опаѓање на косата.
Траумите можат да предизвикаат опаѓање на косата
Ова е делумно точно. Доколку во гените не Ви е запишано дека ќе оќелавите, тогаш дури и ако косата Ви падне поради некоја исклучителна траума, по кус период таа повторно ќе порасне.
Геловите и лаковите за коса предизвикуваат ќелавост
Не мора да се откажувате од гелови и лакови за коса, затоа што тие не предизвикуваат опаѓање на косата, исто како што ниту шампоните, ниту пречестото миење на косата можат да го имаат тој ефект. Единствено користењето пегли за коса и други механички процеси можат да го забрзаат ќелавњето.
Изложеноста на сонце води кон побрзо опаѓање на косата
Ова едноставно не е точно. Дополнително, ниту солариумите не предизвикуваат, ниту пак ја забрзуваат ќелавоста.