Како да излечите мамурлак
Секому, барем еднаш во животот му се случило да се соочи со страшните последици од мамурлакот. Сите сме се обиделе да се справиме со тие последици на најразлични начини, некои поефикасни, други помалку ефикасни. Прочитајте како во иднина најлесно да ги пребродите мамурлаците.
Секому, барем еднаш во животот му се случило да се соочи со страшните последици од мамурлакот. Сите сме се обиделе да се справиме со тие последици на најразлични начини, некои поефикасни, други помалку ефикасни. Прочитајте како во иднина најлесно да ги пребродите мамурлаците.
Заборавете на кофеинот
Не можете да се освестите пред да го испиете утринското кафе? Заборавете на него доколку пред тоа сте имале луда ноќ со многу алкохол кој предизвикал дехидрација на организмот. Кафето има ефекти на деуретик и ќе предизвика дополнително исфрлање на течности, што пак ќе Ви донесе главоболка полоша од таа што веќе ја имате. Исто така, нема да Ве отрезни.
Мудро одберете пијалак
Заборавете на она што вообичаено го пиете кога сте соочени со мамурлак. Направете си чај од нане со мед и турете си свежо исцеден сок. Нането го смирува стомакот, а медот и фруктозата помагаат во побрзата метаболизација на алкохолот.
Не јадете премногу
Кога ќе се разбудите со мамурлак, Ви се чини дека е сосема во ред да јадете пица, хамбургер или некоја друга мрсна храна за појадок. Секако, мрсната храна ја забавува апсорбцијата на алкохол, но само ако ја внесете пред да започнете со пиење – во спротивно, сето тоа е попусто, а единственото нешто што ќе го постигнете е уништување на диетата.
Откажете го тренингот
Без разлика што вежбате, напорниот тренинг нема да направи да се чувствувате подобро во ситуација кога страдате од мамурлак, туку дополнително ќе Ве дехидрира (видете погоре). Оставете го телото да се опушти и одморете. Ако апсолутно мора да вежбате, вежбајте нешто поопуштено, како на пример јога.
Јадете јајца
Јајцата се одличен лек за мамурлак. Тие содржат кистин, супстанца што го разградува ацеталдехидот, токсин во алкохолот што го предизвикува мамурлакот. Исто така е добро да јадете банани и млечни производи, за да ги надополните резервите на калиум и калциум коишто биле намалени во текот на честите посети на тоалетот во текот на ноќта.