Нема производи во вашата кошничка.

Лоши навики при пешачење

Најголем дел од нас одат уште од моментот кога имале само една година. Но, од тогаш до сега многу нешта се сменети. Сега пешачите за да си ги подобрите здравјето и физичката кондиција, но резултатите можеби нема да се толку добри колку што би сакале доколку не се ослободите од лошите навики при пешачењето.

Се наведнувате нанапред, како да сте трска на ветар

Наместо тоа, одете исправено, како нешто да Ви го влече ’рбетот нагоре.

Гледате во земјата пред себе, а рамената Ви се опуштени

Секогаш гледајте во светот право напред, наместо во сопствените стапала.

Мафтате со дланките како да не Ви се прикачени на рацете

Најдобро е да ги држите дланките во полузгрчена тупаница, со опуштени прсти.

Ги отпуштате стомачните мускули и дозволувате стомакот да Ви виси

Кога пешачите, стегнете ги стомачните мускули и малку повлечете ја карлицата под торзото.

Ги држите рацете покрај телото, исправени и згрчени како робот

Дозволете им на рацете природно да се движат напред-назад покрај телото или пак свтикајте ги под агол од 90 степени, но не ги стегајте премногу.

Правите претерано кратки или претерано долги чекори

Движете се нормално, со постојан ритам кој ќе Ви даде природно чувство.

Стапнувате на земјата со рамно стапало, така што прстите и петата ја допираат подлогата во речиси исто време

Стапалата во секое време нека Ви бидат во широчина на рамената. Прво стапнуваајте со петите, а потоа нежно оттурнувајте се со прстите. На овој начин ќе одите побрзо и ќе согорувате повеќе калории.