Колку жешко ќе биде за вас ова лето 2018?
Јарец (22. 12. – 20. 1.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: најмалку 30 °C, ако не и повеќе
Најдобрата боја за жешките летни денови: бела, се разбира
Идеален одмор: некаде покрај море, каде друго
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Секако дека да, сепак се работи за лето, полно топли денови и уште потопли ноќи! Ако сте веќе во сериозна врска можете да очекувате високи температури кои ќе ја разбудат вашата страст, па ќе се чувствувате како вашата љубов тукушто да започнала. Ако сте сeуште сингл, дефинитивно ќе имате неколку шанси за летна романса. Може ли да се претвори во нешто позначајно? Тоа зависи од вас и од вашата отвореност да прифатите нешто ново во вашиот живот.
Колку ќе се испотите на работа?
Температурите ќе бидат високи и вашите шефови често ќе доаѓаат до нивната точка на вриење, но нема да ви наштетат вам лично, бидејќи ќе бидете многу поефикасни на работа ова лето отколку што ќе бидат вашите колеги. Понекогаш ќе се најдете седејќи во канцеларија мртви уморни, но тие чувства брзо ќе поминат, можеби бидејќи ќе бидете свесни дека многу добри работи ве чекаат надвор од канцеларијата.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Навистина многу, не грижете се! Почетокот на летото може да биде здодевно, но крајот на Јули и Август ќе ви донесе многу шанси за незаборавни моменти во друштвото на вашите сакани - семејните членови и пријателите. Некаде во средината на летото, може дури и да си помислите дека има премногу работи кои се случуваат во вашиот живот во моментот, но не ја пропуштајте летната забава, бидејќи есенските денови сигурно нема да бидат многу забавни.
Пари – доволно, малку или многу?
Човек никогаш не може да има премногу пари – што велите на ова? Дури и вашата финансиска состојба да е супер, понекогаш ќе се чувствувате како да немате доволно пари. Веројатно ќе трошите повеќе на луксузи во текот на летото - но и треба да го сторите тоа! Никакви големи финансиски проблеми нема на хоризонтот, но ако се случат помали проблеми, ќе имате доволно време да ги решите во ладните есенски денови, нели?
Што ќе научите ова лето?
Ќе сфатите дека не ви требаат долги патувања на тропски краеви за да имате супер лето. Друштвото на вашите најблиски и активностите кои ве засмеваат се повеќе од доволни. Исто така, ќе научите дека песокот никогаш не е толку топол за водата да не може да го олади. Што ова точно значи? Ќе дознаете во последните денови од летото...
Водолија (21. 1. – 18. 2.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: ќе биде жешко, не се секирајте!
Најдобрата боја за жешките летни денови: жолто како топлите летни денови
Идеален одмор: не е важно каде се додека вашите сакани се таму
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Дали може да биде поинаку во лето?! Ќе се потите помеѓу чаршафите (и покрај климата во вашата спална соба), независно од тоа дали сте сингл или во врска. Ако сте сингл, можете да очекувате неколку згодни странци да ви ги разубават деновите и ноќите, а ако сте во врска, можете да очекувате дека ќе се поврзете со вашиот партнер на уште подлабоко духовно ниво. Звучи врело, нели?
Колку ќе се испотите на работа?
Па, вашата работа ќе биде малку помалку забавна од ноќите поминати во прегратките на таа една посебна личност, но тоа и треба да го очекувате после благо мрзеливата пролет, зарем не? Но, не грижете се премногу за работата - секако ќе работите повеќе од она што сакате во летото, но исто ќе имате и доволно време за одмор, релаксација и забава. Ако работите навистина напорно на почетоткот од летото, можеби ќе можете да земете еден подолг одмор на малку подоцна.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Доволно за да не ви е здодевно и да се потсетите дека летото не е само забава. Оваа година летото може да е поинакво од другите години, но на добар начин бидејќи ќе најдете нов интерес кој ќе го украде поголемиот дел од вашето слободно време и ќе ви ги предизвика умствените способности. Најдобрите летни авантури најверојатно ќе се случат на почетокот и крајот на летото, во друштвото на вашите најблиски се разбира.
Пари – доволно, малку или многу?
Бидејќи знаете како да водите скромен живот, нема да се чувстувате како да пропуштате нешто многу ова лето. Нема да имате премногу пари, но знаете веќе одамна дека парите не значат и забава, нели? Всушност, може да биде и обратно а и ќе биде за вас, со оглед на тоа дека ќе најдете иновативни начини да живеете луксузно без да ја испразните својата сметка во банка. Супер за вас!
Што ќе научите ова лето?
Ова лето ќе ви покаже дека промените се добра работа. Секако, може промената да значи и нови барања, но таа не држи живи и активни. Знате како велат: топлите денови носат ладни ноќи. Што ова значи? Почекајте до крајот налетото и ќе дознаете.
Риби (19. 2. – 20. 3.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: многу пријатни 25-27 °C
Најдобрата боја за жешките летни денови: сина или зелена, изборот е ваш
Идеален одмор: море, сонце, плажа, коктел за двајца итн.
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Веќе го знаете одговорот – како беше останантите лета? Ако сте во врска, во неа и ќе останете, среќни и задоволни како и секогаш/ Ако сте се уште сингл, сигурно ќе има специјална можност (и специјална личност) која ќе ви го забрза пулсот. Препуштете се на чувството и запомнете дека летово треба да биде посветено на забавата и на проширување на хоризонтите.
Колку ќе се испотите на работа?
Може да има некое потење штом се јават проблеми, но секако вие го обожувате повремениот предизвик, нели? Може да мислите дека летото не е најдобро за предизвици, но шансите да ја покажете вашата вредност доаѓаат тогаш кога треба, па така соберете ја целата енергија и покажете за што сте способни. Може да добиете и убава награда за вашиот труд во втората половина од летото.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Толку многу што ќе мора да прескокнете некои бидејќи нема да има доволно време за сите - ако имате одлучено да се одморите во текот на летото исто така. Вашите летни авантури ќе бидат слични на оние од минатата година, но тоа не е лошо, бидејќи мора да признаете дека летото беше прилично супер поголемиот дел од времето. Ако се одлучите да одите во странство, бидете внимателни да не бидете експлоатирани од локалците.
Пари – доволно, малку или многу?
Супер вести: ќе имате веројатно доволно пари за сите планови летово. Ќе има малу промени во вашиот финансиски мир - понекогаш ќе има помалку пари и понекогаш ќе може да си дозволите и по некој луксуз. Но ќе биде добро за вашата иднина да оставите пари на страна за есента и зимата бидејќи може да ви се јават некои финансиски предизвици.
Што ќе научите ова лето?
Веројатно знаете дека ништо не е страшно како што изгледа, но на крајот од летото ќе знаете дека квачењето не значи дека патка се крие зад аголот. Што? Ѕвездите секако знаат да бидат мистериозни понекогаш, нели?
Јарец (21. 3. – 20. 4.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: висока поголемиот дел од времето, но некогаш и зимски ладна
Најдобрата боја за жешките летни денови: мора да е некоја елегантна
Идеален одмор: дома, во мир и тишина
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Да - ако го направите таков! Ако сте во сериозна врска може да се почувствувате како да се оддалечувате еден од друг на почетоткот од летото, веројатно последица на обврските со семејството и работата од последните месеци. Вратете ја страста со изненадување на вашиот партнер и вашата љубов ќе биде жешка како летото. Ако сте сингл, веројатно ќе се обидувате со сите сили да запознаете некој нов - и ќе, но дури и ѕвездите не се осмелуваат да ви кажат дали вашата врска ќе прерасне во нешто сериозно…
Колку ќе се испотите на работа?
За жал, навистина многу. Не поради проблеми или грешки, туку само поради тоа што ќе има многу работа за вас летово. Може да го прифатите предизвикот и да се надевате на искрена финансиска или слична награда од вашите претпоставени или може да се бунтувате и да пратите се веќе знаете каде. Но не заборавајте дека веројтно ова ќе донесе непријатни последици подоцна.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Може да има помалку авантури отколку претходната година, но тие ќе бидат многу повозбудливи! Особено Јули ќе биде идеален месец за вас да избегате од дневните обврски и да се почастите со неколку луди денови кои ќе ве исполнат со позитивна енергија. Некои од вашите летни авантури ќе се случат и во друштвото на вашите стари приајтели, а неколку во друштвото на тотални странци. Возбудливо, зарем не?
Пари – доволно, малку или многу?
Генерално зависи од тоа колку добро ќе се покажете на работа. Тешката работа во летото може нема да донесе инстант резултати но може да ви донесе добра награда на крајот од годината ако не за месец или два порано. Но ако се одлучите да ја ставите работата на второ место, веројатно ќе мора да се соочите со некои мали финански проблеми, кои ќе ги решите некогаш со малку труд и внимателно планирање.
Што ќе научите ова лето?
Најважно, ќе откриете нова страна од вас, што ќе ви овозможи да го живеете животот поисполнето (и повозбудливо) во иднината. Знаете во средината на најцрните часови, најсветла е светлината која ја нема. Дали знаете што ова значи за вашиот летен живот? Почекајте неколку недели и ќе дознаете…
Бик (21.4. - 20.5.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: поголема во пролетта, отколку во летото, но сепак топла
Најдобрата боја за жешките летни денови: нека е светла!
Идеален одмор: во друштвото на вашите најблиски
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Овде и таму понекаде да, без грижи! Почетокот на летото ќе биде веројатно полн со обврски. Па и вашиот љубовен живот може да страда поради тоа, но најтоплите денови дури потоа доаѓаат, па вашата спална соба исто така ќе станува се потопла. Искористете ја било која љубовна можност која ќе ја добиете и заборавете на секојдневните грижи кога ќе бидете во прегратките на таа посебна личност во вашиот живот. Ако нема таква личност, тогаш таа може да се појави токму ова лето, кој знае...
Колку ќе се испотите на работа?
Летото веројатно нема да донесе големи промени во вашиот работен живот, што може да биде и добро и лошо. Добро ако се било добро во претходните месеци, па ќе продолжи. Но ако имате пострадано многу на работа во изминатите месеци, тогаш ќе мора да го носите овој товар уште малку подолго. Но се ќе биде подобро есента, нели?
Колку летни авантури ве очекуваат?
Нема да имате многу време за некои возбудливи авантури ова лето, но да бидеме искрени - не ви ни требаат толко многу после една вака тешка година? Ќе го пронајдете уживањето во мирната релаксација во друштвото на вашите најблиски. Но еден ваш стар пријател ќе се погрижи за летото да не ви е премногу мирно со тоа што ќе ви донесе една неиспланирана авантура, веројатно во последните недели од Јуни или првите недели од Јули. Не го размислувајте премногу ова бидејќи не можете да се подготвите претходно. Опуштете се и следете ја струјата.
Пари – доволно, малку или многу?
Би требало да имате повеќе од доволно пари - за вашиот секојдневен живот, не за безгрижно лето поминато на начинот кој оддамна го посакувате. Ако живеете скромно во летото како што и обично правите, ќе може да заштедите нешто ова лето, што ќе ви обезбеди добра финансиска иднина. Како точно треба да го изведете ова, ѕвездите нема да ви откријат, па сфатете го самите и не ја пропуштајте приликата штом се појави.
Што ќе научите ова лето?
Особено дека никогаш не е предоцна да го промените својот живот на подобро. Секако, секоја промена бара и одреден труд и често предизвикува некои непријатности во процесот, но промената е единствениот начин за растење. Оние кои не сакаат да работат, не се вредни за одмор. Ѕвездите знаат што ова значи за вашиот живот - а исто ќе знаете и вие, барем до крајот на летото ќе дознаете.
Близнаци (21. 5. - 20. 6.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: жешко, врие!
Најдобрата боја за жешките летни денови: жолта, портокалова, црвена
Идеален одмор: одете западно
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
О да, навистина врел! Вие Близнаците сте емоционални суштества и овие емоции може да се развијат во врели страсти ова лето се додека сте во друштвото на вистинските луѓе. Ако сте во сериозна врска, може да очекувате дека ќе останете среќни во неа низ целото лето и летни искушенија. Ако сте се уште сингл, ќе има доволно шанси за летни романси, но нема да ги искористите сите бидејќи нема да имате доволно време.
Колку ќе се испотите на работа?
Работа - што е тоа? Има разумна шанса дека ѕвездите ќе се наместат на начинот за да вашите претпоставени го почувствуваат релаксирачкиот ритам на летото и да ви ги намалат обврските. Можете да очекувате едно релативно мирно работно лето - може да има некои препреки на почетокот од летото и во последните недели пред септември, но ништо за кое треба да се грижите премногу.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Многу, драги Близнаци, не плашете се! Можностите за возбудливи патувања ќе ве преплават на почетокот од летото (но, за среќа, вашите патувања нема да бидат многу дождливи). Подоцна, работите ќе се потсмират малку, но дефинитивно нема да е здодевно, со оглед на тоа што може да најдете ново хоби или приајтел кој ќе ви го направи слободното време многу поинтересно.
Пари – доволно, малку или многу?
Не ви требаат многу пари за да бидете среќни, па вашиот летен финансиски дефицит нема да ве удри толку силно... Но дефинитивно ќе дојде! Можете да ги намалите вашите секојдневни трошоци - ако успеете летово ќе биде исто забавно како и сите претходни.
Што ќе научите ова лето?
Многу работи, од каде да почнеме? Ќе научите дека секој е одговорен за својата среќа и дека немарната работа носи немарни резулатати. Знаете - во мирно море секој брод изгледа како јахта... Имате идеја што ова значи за вас ова лето?
Рак (21. 6. – 22. 7.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: Некогаш и превисока
Најдобрата боја за жешките летни денови: Боја на кожа се важи?
Идеален одмор: некаде ладно и на планина
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Во средината на летото дефинитивно, но пред и потоа не толку мнгоу. Но ова не е лоша работа, зарем не? Барем ќе имате време да се подготвите за врелите романтични авантури и доволно време за полека да се оладите пред непријатното есенско време да ве удри по глава. Ако сте веќе во сериозна врска, треба да очекувате некои помали расправии со партнерот пред и по врелите активност во креветот. А ако сте синг, бидете сигурни дека Јули и Август ќе ги помните долго време!
Колку ќе се испотите на работа?
Навистина многу - но не цело време, неколку недели во летнито период ќе бидат многу напорни. Но не грижете се премногу, вашата вредна работа ќе донесе резултати на крајот од летото, правејќи ја вашата есен многу потивка и порелаксирана. Секогаш можете да заминете на релаксирачки одмор во есента, нели?
Колку летни авантури ве очекуваат?
Почетокот на летото може да е бавен, па не очекувајте многу возбуда. Но штом температурите достигнат 30 °C, вашите денови ќе станат многу пожешки. Најзабавно ќе ви биде во друштво на пријателите, но ќе откриете и многу летни убавини заедно со семејството. Може да се почувстувате малку уморни до Август поради целото возбудување, па земете си недела две одмор.
Пари – доволно, малку или многу?
Со оглед на тоа дека многу ќе работите, ова треба да ви е добра шанса да да ја подобрите вашата финансиска ситуација. Не очекувајте големи бонуси како и да е, туку зауздајте се и не трошете многу на летни каприци. Ѕвездите ќе ви откријат дека може да ви се посреќи во инвестициите, но не кажуваат во кои инвестиции. Бидете рационални и внимателни и ќе успеете.
Што ќе научите ова лето?
Особено дека светот не се врти околи вас и уште поважно - дека нема нема ништо лошо во тоа. Да бидете секогаш во центар на вниманието бара многу, па ќе започнете да го цените тоа што луѓето ве оставаат на мира понекогаш. Знаете - слоновите не забоараваат, но луѓето да. Што ова значи за вашиот живот? Летото ќе ни открие...
Лав (23. 7. – 22. 8.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: токму како за во лето
Најдобрата боја за жешките летни денови: лавовско кафеаво, која друга?
Идеален одмор: далеку од секојдневните обврски
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Има голем потенцијал дека ќе биде, но мора да ја креирате сами својата судбина ова лето. Ова значи да одвоите време за вашиот партнер ако сакате жешки моменти во неговите прегратки (и ако сте во сериозна врска). Ако сте сингл, треба да си дадете време за да запознаете некој нов и да поминете неколку врели часови, денови или недели (како и да одлучите) со нив.
Колку ќе се испотите на работа?
Ќе ви биде супер на работа ова лето. Ќе има привремени препреки, оние пати кога вашите колеги и претпоставени ќе шетаат нервозно горе долу и хаотично ќе бараат решение за наводно нерешлив проблем. Но овие проблеми брзо ќе поминат, особено ако активно учестувате во решавање на овие проблеми и ги смирите луѓето. Но вистина е и дека едвај ќе чекате да завршите со работа и да си одите дома за да уживате во вистинската среќа и летните авантури.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Неколку, особено на почетокот од летото, кога повеќето тек ќе се загреваат и подготвуваат за летните авантури, додека вие веќе ќе бидете на пат кон нив. Неколку возбудливи недели ќе ве остават исцрпени и во лошо расположение неколку дена, но ќе се вратите брзо во првичното весело расположение. Заклучок: Вашето лето ќе биде баш супер, Ура!
Пари – доволно, малку или многу?
Веројатно слично како и претходните месеци. Добрите вести се дека ако вашата финансиска состојба напредувала, така и ќе продолжи, но ако била лоша ќе треба да внимавате на секој денар. Но може да очекувате месеците после летото да ви донесат финансиско олеснување, особено ако успеете да се воздржите од летните трошоци. Има многу мали шанси за големи инвестиции во блиска иднина но запомнете - сепак водата е длабока.
Што ќе научите ова лето?
Ја знаете изреката “Ништо не е онолку лошо колку што изгледа”? Ќе научите да ја цените ова лето. Исто така ќе научите дека дури и желката може да дојде пред зајакот, особено ако зајакот јаде премногу. А што тоа значи? Почекајте до крајот на летото за да дознаете…
Девица (23. 8. – 22. 9.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: вулканска ерупција
Најдобрата боја за жешките летни денови: бојата на небото (без облаци)
Идеален одмор: дома
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Од време на време секако, но за жал нема да имате многу време за врели авантури во спалната соба поради други важни животни авантури. Ако сте во врска, посветете му време на партнерот и покрај вашиот преполнет распоред. Ако сте сингл, најверојатно и ќе останете сингл и летово. Не поради тоа што нема да имате можност да запознаете некој возбудлив - туку едноставно нема да има доволно време за романса. Но ова можете брзо да го промените ако сакате...
Колку ќе се испотите на работа?
Понекогаш ќе ја баталите работата поради неочекувани обврски и настани, па не треба ни да очекувате големи постигнувања. Но не ни сакате некои екстра должности и обврски ова време како и да е, па работата ќе се одвива токму како што посакувате. Со повремени главоболки и жалења нормално.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Една особено големо, но далеку од обична. Што точно ве очекува никој не знае (дури ни вие), но не грижете се за тоа премногу и не се обидувајте да се подготвите, бидејќи едноставно нема да можете. Бидете сигурни дека оваа голема летна авантура ќе ви го промени животот засекогаш на подобро, иако ќе бара многу напор.
Пари – доволно, малку или многу?
Никогаш не постојат доволно пари, нели? Ова веројатно ќе биде вашето животно мото ова лето бидејќи ќе дојдете во допир со многу трошоци. Но и покрај нив, не мора да се грижите дека ќе го потрошите летото во некаков минус, бидејќи едноставно полека ќе се приспособувате на новата ситуација и сепак ќе уживете во летото. Кој вели дека луксузен одмор е неопходен за добро поминато лето?
Што ќе научите ова лето?
Ќе научите дека понекогаш е подобро да си ги чувате своите опции за себе. Ако не за другите, барем за ваше добро, бидејќи често се грижите што сте рекле некому. Исто така ќе сфатите дека најмекиот кревет не е секогаш и најудобниот. Почекајте да помине летото, па ќе знаете што ова точно значи...
Водолија (23. 9. – 23. 10.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: пролетно
Најдобрата боја за жешките летни денови: портокалова
Идеален одмор: во друштвото на други луѓе
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Секако дека да – зарем летото ќе ви овозможи нешто помалку од врелина? Но вистина е дека ќе мора да работите напорно за вашите летни љубовни авантури поради недостатокот од време. Не вашето време (од кое ќе имате доволно), но од времето на оние кои ќе сакаат да споделат некоја авантура со вас. Ако сте во врска, ова може да значи дека понекогаш ќе се чувстувате осамено. А ако сте сингл, може понекогаш да се разочарате со понудата на пазарот, но кој знае каде се крие вистинската личност за вас? Можеби во морето или на плажата близу морето.
Колку ќе се испотите на работа?
Нема да страдате многу на работа, што особено ќе го цените во времето на најжешките денови. Летната жештина и работата не одат добро заедно, и среќа за вас, вашите претпоставени и клиенти ќе бидат свесни за ова, па нема да ве заморуваат премногу. Може да се случи и да ви е здодевно на работа- можете да ја искористите оваа досада за да направите нешто друго?
Колку летни авантури ве очекуваат?
Веројатно помалку отколку во изминатите лета, па ќе мора активно да учествувате во тоа да го направите вашето лето навистина диво. Што ако овој пат вие ги поканите вашите пријатели на луда летна авантура наместо да чекате тие да организираат нешто? Секако, ќе има работа за вас, но сево ова ќе вреди - бар така велат ѕвездите!
Пари – доволно, малку или многу?
Со оглед на тоа што ќе имате релативно мирно лето, парите нема да ви недостигаат - нема да трошите толку мнгоу. Но не го сфаќајте ова како нешто лошо, бидејќи е супер можност за вас да конечно заштедите некој денар за потешки времиња иоли конечно да соберете храброст и да инвестирате во нешто големо.
Што ќе научите ова лето?
Ќе сфатите дека понекогаш не покажувате доволно подршка кон вашите сакани и не ги цените, така што понекогаш треба да најдете време и за нив иако не ви одговара. Додатно, ќе сфатите на почетокот на летото дека песокот е некогаш најтопол кога ладното море ќе го испрска. А што ова значи? Трпение, летото ќе ги донесе одговорите...
Шкорпија (24. 10. – 22. 11.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: лесно нас 30 °C
Најдобрата боја за жешките летни денови: сино како небото и морето
Идеален одмор: во друштво на добра книга и топло сонце
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
Секако, сепак вие сте страсна Шкорпија! Ако вашиот партнер или симпатија не е подготвен за акција, со време ќе го убедите со вашиот шарм, нели? Ако сте веќе во врска, не вршете притисок на партнерот и покрај вашата разбудена страст. Дајте им време да се адаптираат на топлото лето. А ако сте сингл, бидете сигурни дека ова лето ќе донесе многу шанси за врела забава, но веројатно ниедна од нив нема да се развие во нешто подлабоко. Да напоменеме дека “веројатно” значи дека ѕвездите не знаат се.
Колку ќе се испотите на работа?
Кој би сакал да се грижи за работата кога ве очекува топло лето? Ова ќе биде вашиот поглед на работите ова лето, но за несреќа вашите претпоставени нема да го делат вашето мислење, па бидете внимателни. Најдобрата опција е да си ја завршите работата, а потоа да оставите сè на страна и да се опуштите. Ако не го направите ова, ќе следат некои конфликти.
Колку летни авантури ве очекуваат?
Зависи на тоа колку сте спремни да се држите до нив! Ќе има и повеќе од доволно прилики, но останатите обврски ќе ви остават помалку време од што посакувате, па нема да можете да ги искористите. Но не дозволувајте лошото расположение да ве победи - фокусирајте се на авантурите од кои ќе бидете дел. Повеќето од нив ќе бидат во друштво на пријателите, а некои и во друштвото на познаници или комплетни странци. Возбудливо, нели?
Пари – доволно, малку или многу?
Би требало да има доволно пати за поголемиот дел од летото, плус еден единечен извор на приход може да ви ги разубави деновите. Ништо големо, само доволно за малку луксуз. Некои неочекувани трошоци може да се појават кон крајот на летото, па може да треба да се подготвите со малку штедење. Мало купче ќе биде доволно.
Што ќе научите ова лето?
Најважната лекција која ќе ја научите е дека времето ви е најскапата инвестиција. Може да си мислите дека парите и луксузот ќе ви го разубават животот, но ова не е вистина. Ќе научите и дека (во друштво на блиските) бакарот понекогаш свети посилно од злато. Што значи ова? Летото наскоро ќе ги отвори своите карти, па бидете трпеливи и почекајте...
Стрелец (23. 11. – 21. 12.)
Краток поглед во лето 2018
Температура на расположение: секакво, од замрзнато, до вриење
Најдобрата боја за жешките летни денови: пошарено, подобро
Идеален одмор: малку самотија ќе ви дојде добро, зарем не?
Дали и вашиот љубовен живот ќе биде врел?
За жал не врел колку летото, но далеку од ладен. Само летото ќе ви донесе многу други авантури покрај само поминување време во кревет со таа специјална личност. Но овие моменти во кревет сепак ќе бидат многу страсни, не грижете се! Ако се уште не сте ја запознале таа посебна личност, ова лето може да биде идеално време за романса. Може ли да се претвори во нешто подлабоко? Зависи колку труд ќе вложите во раните фази на врската.
Колку ќе се испотите на работа?
Нема да ви е баш здодевно на работа! Мала криза на средината од летото може да подигне голем аларм кај вашите претпоставени и колеги, но би требало да може да го надминете ова со малку повеќе труд. Ако допринесете кон решението, може да ве чека пријарна награда на крајот од летото - можеби и мал финанскиски бонус, унапредување или неколку бонус слободни денови. Кое би го избрале да можевте?
Колку летни авантури ве очекуваат?
Ова лето ќе ви донесе периоди на голема досада и периоди на блг умор како последива на многу возбудливи летни авантури. Овие авантури ќе почнат да се антрупуваат во средина на Јули - најдоброто време за вас да се опуштите после зафатенота година и да уживате во чистата летна забва, нели се согласувате? Почетокот на летото веројатно ќе биде помирен, но и ќе донесе големо и пријатно изненадување, организирано од вашите пријатели.
Пари – доволно, малку или многу?
Парите ги расипуваат луѓето. Никогаш нема доволно пари. Во која од овие две изреки вие верувате? Се надеваме дека првата, бидејќи не можете да очекувате многу пари ова лето. И покрај ова не треба да имате финансиски потешкотии, што значи дека веројатно ќе живеете удобно и скромно. Средниот пат е секогаш најдобар.
Што ќе научите ова лето?
Откако летото ќе заврши, веројано ќе разберете колку посебен е секој ден од животот - дури и ако е полн предизвици. Луѓето кои не ги сакате многу, ќе ве научат уште една важна лекција - илјада години самотија се подобри од страдање во друштвото на други луѓе. Што ова точно значи за вас ова лето? Ќе дознаете наскоро...