Нема производи во вашата кошничка.

Летен хороскоп за 2016-та година – колку жешко ќе биде Вашето лето?

Да му посакаме добредојде на летото! Или пак не? Што велите – да погледнеме во летното небо заедно и да откриеме што ќе кажат ѕвездите за вашиот живот во најдобриот период од годината? Дали летото во 2016 год. ќе биде најдоброто лето во вашиот живот? Или најлошото? Вечната мудрост е скриена во ѕвездите...

Јарец (22. 12. – 20. 1.)

Вашето лето во 1 реченица: многу сонце со повремени силни дождови.

Љубов

За жал, нема летна романса на повидок. Наместо тоа, ве очекува вистинска љубов. Да, вистина е – ова лето ќе ви донесе посебна личност во вашиот живот – ако веќе не е таму – тој/таа ќе стане вашето омилено друштво. Разговор за поддршка, како и секс. Може да очекувате многу романтични вечери и жешки ноќи.

Летни авантури

Со сè што наведовме погоре, јасно е дека најинтересниот дел од летото за вас ќе биде... сексот. И многу секс, во различни положби, на различни места, но секогаш со истата личност - оној/онаа кој најмногу ви се восхитува. И кога ќе успеете да ги тргнете рацете подалеку од неа/него тогаш единственото нешто што ќе го правите е релаксација во дворот или на терасата. Летото е создадено за релаксирање нели?

Пари

Ако веќе нарачавте голем сеф за да ги чувате парите кои очекувате дека ќе ги добиете, тогаш подобро е да ја откажете нарачката додека можете. Нема да ви треба голем сеф, голема е веројатноста дека нема да ви треба ни паричник. Таа мала сума на пари која ќе ви остане после сите трошоци – очекувани и неочекувани – среќно ќе ги носите во џебот. Но, парите не се причина за среќа нели?

Најжешки и најладни денови

Летото за вас ќе започне полека, но без грижа – наскоро работите ќе си дојдат на место и ќе ги доживеете најдобрите недели од вашиот живот. Втората половина на јули и првата половина на август ветуваат многу, но внимавајте на крајот на август. Сигурно нема да биде најжешкиот период од годината, бидејќи ќе се трудите да се вратите на редовната работни обврски и ќе предизвикате немир помеѓу колегите…

Најдобри и најлоши летни пријатели

Двата земјени знаци, Бик и Девица - со нив заеднички и исто ќе гледате на животот, па секогаш кога можете бидете во нивно друштво! Пазете се од оние кои се родени во знакот на Лав, бидејќи многу лесно може да ве разочараат со нивото однесување.

Водолија (21. 1. – 18. 2.)

Вашето лето во 1 реченица: судбината е во ваши раце, па направете го ова лето незаборавно.

Љубов

Пролетта беше доста возбудлива во однос на романсата, па може да очекувате дека во текот на летото работите малку ќе се изладат. Тоа не значи дека вашиот љубовен живот ќе биде досаден во текот на месеците кои доаѓаат – само нема да бидат толку возбудливи како порано. Ако сте во долга врска, ќе поминувате долго и квалитетно време со саканата/саканиот, а ако не сте во врска, тогаш искористете ја секоја можна прилика да се забавувате.

Летни авантури

Патувања, патувања и уште патувања... Дали спомнавме патување? Да, вашето лето ќе биде исполнето со истражувања на различни делови од светот. Кон средината на летото ќе имате една можност за долго патување и ѕвездите препорачуваат да го прифатите. Можеби ќе претставува финансиски трошок, но парите се создадени за да се трошат нели? летото нема да трае засекогаш, па затоа искористете го топлото, сончево време.

Пари

Ѕвездите велат дека паричникот нема да биде преполн, но нема да биде и премногу празен, па затоа не треба да се грижите. Парите кои ќе ги потрошите во првите два месеци од летото ќе се вратат на почетокот на есента, како нова бизнис шанса. Доколку ја прифатите, ќе мора многу да го прилагодите вашиот начин на живот, но тоа е она што тајно го посакувавте долго време нели?

Најжешки и најладни денови

Може да одмарате и да бидете сигурни дека летните денови ќе направат да се чувствувате пријатно и топло, но ќе има кратки периоди кога нема да се чувствувате многу добро. Внимавајте на последната недела од јуни и првите денови од јули, бидејќи можеби некои луѓе ќе бидат многу блиски со вас и ќе бидат многу лути на вашето променливо однесување. Пробајте да останете смирени, без разлика на тоа што ќе кажат или направат и заштедете ја вашата енергија за убави работи во вашиот живот.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец – нема да го поддржат вашиот слободен дух ова лето, па или ќе треба да се прилагодите на нивниот начин на живот или ќе треба да престанете да се дружите со нив. Од друга страна пак, Близнаците, Девицата и Водолијата  - ќе го направат вашето лето незаборавно. Но, ја знаете старата поговорка – држете ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску

Риби (19. 2. – 20. 3.)

Вашето лето во 1 реченица: изгорениците од сонце може нема да бидат вашиот единствен проблем.

Љубов

Жешкото лето ќе ја разгори страста во вашата романса, но пламенот често ќе биде премногу жежок, па дури и за вас. Див секс, жестоки расправии, повторно див секс, со уште жестоки расправии.... тоа ќе биде вашата летна врска. Не постои нешто со што ќе може да го спречите тоа, но дефинитивно може да пробате да не ги сфаќате лично сите расправии и да се сконцентрирате на добрите работи.

Летни авантури

Оваа година планиравте одличен летен одмор за вас, но за жал – вашите планови може да пропаднат, бидејќи може да се случат неочекувани работи поради кои ќе бидат во врска со домот. Летото можеби нема да ви пружи многу кога станува збор за авантурите, но има нешто позитивно што се скрие зад сево ова – ќе имате многу време за да ја зацврстите вашата врска со семејството и колегите, а тоа ќе ве направи многу среќни и ќе ви донесе многу радост и успех кон крајот на летото.

Пари

Не е лошо, многу ќе работите. Бескрајните часови поминати во канцеларијата ќе се исплатат ова лето, па може да размислите да си купите поголем паричник. Нема да имате доволно време да уживате во вашето мало богатство, но знаете дека во меѓувреме парите нема да одат никаде. Трпеливо ќе ве чекаат под креветот за подобрите денови – и тие денови ќе дојдат. Набрзо, откако летото ќе заврши.

Најжешки и најладни денови

Температурите може ќе бидат навистина високи, но поголем дел од вашите денови нема да бидат толку топли колку што би сакале да бидат. Како и да е, има два дена кои се запишани во ѕвездите и кои ќе ви донесат чиста среќа. Едниот ќе биде на почетокот на летото, доцна во јуни или на почетокот на јули и другиот ден ќе биде во средината на август. Без грижа, со сигурност ќе знаете кога ќе дојдат тие два дена – опуштете се и уживајте во нив колку што е можно повеќе.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Во текот на летото ќе се согласувате со многу луѓе, единствениот знак кој може да ви предизвика сериозни проблеми е Јарецот, но може да го спречите тоа со малку компромис. Лице во знакот на Лав неочекувано ќе влезе во вашиот живот и неколку дена поминати со него ќе бидат повеќе од пријатни. Кратки, но слатки!

Овен (21. 3. – 20. 4.)

Вашето лето во една реченица: барањето среќа нема да има резултати ако вашиот ум не може да се справи со тоа.

Љубов

Што се однесува на љубовта, за жал, сè уште нема ништо на повидок. Не затоа што нема да има можности (ќе има многу, без сомнеж), но поради вашата тврдоглавост и потрагата по совршенство кое не постои. Дури и најубавите врски не се совршени, па затоа не треба да бидете строги кога им судите на другите поради нивните грешки. Може да имате значајна нова врска (или да ја подобрите старата), така што ќе го прифатите животот таков каков што е.

Летни авантури

Освен ако работењето доцна навечер не го сметате за одлична авантура, вашето лето нема да нуди многу возбудливи ситуации. Само секојдневното одење на кафе или на пиво со пријатели, малку активности на топлото сонце, малку прскање во вода за да се справите со топлината и многу книги кои ќе ве наполнат со оптимизам. Почекајте малку … на крајот, вашето лето не изгледа толку лошо нели? Летото нема да биде премногу возбудливо, дефинитивно не, но нема ни да биде здодевно…

Пари

Толку многу пари, што нема да може да се движите кога ќе бидат во вашиот џеб. Сериозно, добрите финансиски времиња се пред вас, ако знаете како да одиграте правилно. Напорната работа и со трпеливоста како ваша карактерна особина – ништо нема да ви биде проблем, па очекувајте дополнителна заработка и многу пари на располагање ова лето. Сепак, треба да одолеете на импулсот да потрошите многу пари, бидејќи може ќе ви бидат потребни за месеците што следат.

Најжешки и најладни денови

Викендите дефинитивно ветуваат многу, но работата недела и не толку многу. Ова веројатно ќе биде последица на тоа што многу ќе работите, но добрите вести се дека ќе вашите викенди ќе бидат посебно возбудливи. Посебно викендите во август – заокружете ги на вашиот календар и не ја пропуштајте можноста да ги поминувате надвор. Не дозволувајте бавниот почеток на летото да ве разочара.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Поради вашиот зафатен распоред нема да имате можност да ги одбирате луѓето со кои ќе го поминувате времето, но кога ќе може да го сторите тоа, одберете внимателно – другите огнени знаци ќе ви го олеснат животот, но Раковите и Скорпиите ќе ги направат работите многу комплицирани. Во вашиот живот ќе се појави лице во знакот на Девица и .... неколку дена од вашиот живот ќе ги претвори во пекол. Извинете!

Бик (21. 4. – 20. 5.)

Вашето лето во 1 реченица: дури и најсилните ќе се покорат на вашата одлучност.

Љубов

Вие ќе бидете среќни! Доколку во моментов не сте во врска, веднаш средете го станот бидејќи може да очекувате друштво во топлите летни ноќи. Се сеќавате на старото жарче кое сакавте повторно да го разгорите? Сега конечно ќе може тоа да се случи и тој/таа нема да може да одолее на вашиот шарм  и вашите жешки летни ноќи ќе бидат уште пожешки. Ако сте веќе во врска, може да очекувате од партнерот да се согласи на нешто што отсекогаш сте сакале да го пробате. Нешто возбудливо или само ќе одите на часови по танцување? Наскоро ќе дознаете.

Летни авантури

Летни авантури? Ѕвездите велат дека ова лето ќе бидете најголемиот авантурист. Навистина, вашето лето ќе биде исполнето со нови возбудливи места, активности и лица, па затоа подгответе се бидејќи ќе бидете ненаспани и уморни. Тоа ќе биде позитивен замор, ќе уживате во деновите исполнети со смеа и среќа. Само да ве предупредиме – колку и да звучи добро, исто така може да предизвика проблеми во други делови од вашиот живот…

Пари

Навистина возбудливо лето носи и скриени трошоци. А, во вашиот случај, тоа ќе бидат финансиски трошоци. Иако, работевте напорно за да заштедите дополнително пари за следното лето, поголем дел од нив ќе ги потрошите во вториот дел од летото. Но, кому му е важно тоа? Секогаш може да најдете дополнителна работа или да продадете нешто од работите кои се во вашиот дом.

Најжешки и најладни денови

Првите недели од летото за вас ќе бидат најжешки... така велат ѕвездите. А останатиот дел? Па нема да биде исто, но сепак ќе биде пријатно и доволно добро за да не го заборавите ова лето и еден ден да раскажувате за него на вашите внуци. На почетокот на август најверојатно ќе ви биде потешко, но наскоро ќе помине, па не дозволувајте тоа да ви го уништи цело лето.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Најдобри летни пријатели? Да видиме – други пријатели во знакот на Бик, Лав, Девица, Стрелец и сите водени и воздушни знаци. Не е лошо нели? Што може друго да кажеме – ова лето ќе биде едно од најдобрите во вашиот живот. Дали некој може да ви направи проблеми? Па, може лица родени во знакот на Јарец и Овен кои не секогаш мислат дека вашата одлучност е шармантна…

Близнаци (21. 5. – 20. 6.)

Вашето лето во една реченица: во вашата судбина се запишани и добро и лошо.

Љубов

Знаете многу добро дека вие сте родени за да чекорите на земјата заедно со друга личност, но ова лето ситуацијата нема да биде таква. Ако сте моментално во сериозна врска, очекувајте тешки времиња. На моменти ќе ви биде здодевно, но добрите вести се дека секогаш може да го зачините вашиот сексуален живот, така што ќе пробате нешто ново. Ако не сте во врска, тогаш може да очекувате да се запознаете со некој/а, но не очекувајте ништо повеќе од обичен летен флерт. Тоа исто така може да биде забавно нели?

Летни авантури

За вас нема да има многу летни авантури ова лето, но барем може да очекувате една голема авантура, која ќе ви го покаже значењето на пријателството. Ако вашиот зафатен распоред дозволи, ѕвездите велат дека треба да поминувате повеќе време надвор – да возите велосипед, да пешачите, планинарите и да трошите калории со други интересни активности. Редовната физичка активност ќе го подобри вашето здравје и ќе ви помогне да се ослободите од некои здравствени проблеми кои ве мачат веќе неколку месеци.

Пари

На почетокот на летото ќе се појави неочекуван извор на приход. Но, за жал, само за кратко време, бидејќи со истото место е поврзан и еден непредвиден трошок. Не грижете се – неочекуваните работи секогаш се случуваат во животот, без разлика дали ние го сакаме тоа или не. Единствената работа која може да ја направите е да се адаптирате за штетата да биде минимална.

Најжешки и најладни денови

Поголем дел од деновите ќе биде нешто помеѓу овие две можности, но со сигурност може да очекувате неколку неверојатни денови – во средината на јули. Потоа, одвреме-навреме очекувајте неколку бури, посебно на почетокот на август кога ќе забележите одредени промени во вашето расположение кои нема да ви се допаднат. Но, после дождот секогаш доаѓа сонце... да се надеваме.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Ќе имате кратки расправии со лица родени во знакот на Близнаци, најчесто поради неважни работи, па бидете внимателни и не ги нервирајте. Од друга страна пак ќе се согласувате со другите воздушни знаци – Девица и Водолија – тие ќе ви понудат поддршка секогаш кога ќе ви биде потребна. Возвратете со љубезност и можеби тоа ќе биде почеток на едно фантастично пријателство.

Рак (21. 6. – 22. 7.)

Вашето лето во една реченица: луѓето ќе се однесуваат кон вас, онака како што вие ќе се однесувате кон нив.

Љубов

Ѕвездите предвидуваат некои добри и некои лоши работи. Кои сакате да ги чуете прво? Добро, ајде да започнеме со добрите вести. Сексуалниот живот драстично ќе се подобри во однос на сушниот пролетен и зимски период, без разлика на тоа дали сте во сериозна врска или само се забавувате. Сега и лошите вести. Додека физичкиот аспект од вашата врска ќе цвета, не можеме да го кажеме истото за емоционалниот дел од врската. Очекувајте недоразбирања и одвреме-навреме солзи.

Летни авантури

Дефинитивно да, и тоа многу, но за жал ќе мора да ги искусите сами, бидејќи на луѓето околу вас – пријателите, семејството, колегите – нема да им се допаднат вашите идеи за тоа како да ги поминувате жешките летни ноќи. Има едно нешто кое се нарекува – летна забава на затворено, да, но добро е и малку да се прошетате на сонцето, нели? Ќе имате големи придобивки од тоа.

Пари

Има проблеми кои се поврзани со работата, па можеби треба да бидете посебно внимателни како се однесувате кон шефот и колегите во текот на летото. Ако не внимавате, постои и можност да ја изгубите работата – ако тоа се случи, за неколку недели ќе се појави нова можност и пак ќе бидете финансиски стабилни. Само треба да одлучите што сакате – безбедна, но работа која не ве исполнува, или возбудлива и ризична.

Најжешки и најладни денови

Јуни и јули нема да донесат некои посебни моменти за вас, но постои можност за нешто непредвидено кон средината на август. Очекувајте многу пријатно изненадување кое ќе ги направи преостанатите денови од летото уште повозбудливи. Најтешките денови ќе бидат најверојатно на почетокот кога ќе ги правите вашите планови за летото.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Квалитетот на вашите врски целосно е во ваши раце, па затоа вие одлучувате со кого ќе бидете блиски, а со кого не. Запомнете го ова – водените знаци (Рак, Скорпија и риби) многу лесно ќе се справат со вашата тврдоглавост, додека огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) дефинитивно нема да бидат толерантни.

Лав (23. 7. – 22. 8.)

Вашето лето во една реченица: смирете се малку и направете пауза.

Љубов

Ќе сакате максимално да го искористите времето, па ќе го притискате партнерот (или потенцијалниот партнер). Додека ова на моменти ќе има одлични резултати во форма на незаборавни ноќи, истовремено вашиот партнер ќе чувствува притисок, па тој/таа ќе се повлече емоционално. Повлечете се малку и пробајте да ја гледате ситуацијата низ неговите/нејзините очи – работите не се секогаш такви какви што изгледаат.

Летни авантури

Ве очекуваат интересни летни авантури, но само некои од нив ќе бидат пријатни. Причина за тоа ќе бидат вашето претерување во обидите да искусите сите нови локални понуди. Често ќе бидете уморни, и нема да уживате во малата одбрана авантура, но ќе се убедувате себе си дека тоа е она што навистина го сакате. Не брзајте и не претерувајте. За време на летото треба да направите пауза нели?

Пари

Дали се сеќавате на вашата финансиска ситуација во текот на зимата и пролетта? Па, работите нема да се сменат многу, иако напорно ќе работите за да го смените тоа. Можеби ќе го зголемите приходот, но проблемот е всушност во трошоците кои значително ќе се зголемат поради вашиот „луксузен“ начин на живот, исполнет со мали забави, патувања и импулсивно трошење.

Најжешки и најладни денови

На крајот на летото деновите ќе бидат најжешки – на крајот на август или можеби на почетокот на септември. А пред тоа? Многу промени – подеми и падови, падовите ќе бидат почести на почетокот, но како што летото ќе минува, така подемите полека ќе надвладеат. Обрнете посебно внимание на последните денови од јуни кога ќе се случи нешто неочекувано.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Вашиот социјален живот ќе зависи од тоа колку добро ќе се согласувате со лицата кои се родени во некој од огнените знаци. Вашата врска со оние кои се родени во знакот на Стрелец и Овен ветуваат многу, а вашата врска со оние родени во знакот на Лав имаат потенцијал да се растурат. Кога две лица во знакот на Лав истовремено ќе се обидат да се истакнат, едниот мора да преовладува над другиот, да биде појак и поодлучен – а голема е веројатноста дека тоа нема да бидете вие.

Девица (23. 8. – 22. 9.)

Вашето лето во 1 реченица: она што нема да те убие, ќе те направи посилен, и многу попаметен.

Љубов

Вашето љубовно море нема да биде мирно ова лето. На повидок се големи промени и ако сте доволно паметни ќе ги зграпчите без да предизвикате хаос. Не можете да направите ништо без да го спречите тоа, па затоа имајте на ум дека промените понекогаш се добри и покрај фактот дека ќе мора да направите значителни промени во однос на тоа како го живеете вашиот живот. На почетокот работите може да бидат малку конфузни, но вие ќе го пребродите тоа – на крајот на краиштата вие сте Девица.

Летни авантури

На почетокот на летото ќе правите големи планови, но некои од нив многу брзо ќе пропаднат. Без разлика на тоа, плановите кои ќе останат ќе бидат одлична авантура, која ќе ви покаже нова димензија, а таа значително многу ќе ви помогне во иднина. Исто така ќе започнете да се занимавате со ново активно хоби, кои ќе одземе најмногу од вашето слободно време. Не заборавајте да ги вклучите и пријателите, кои ќе ги направат летните авантури уште позабавни.

Пари

Финансиската ситуација ќе биде подобра од минатото лето, во тоа нема сомнеж, но нема да биде толку добра како порано. Промената во вашиот начин на живот ќе бара повеќе пари и единствениот начин на кој ќе можете е да планирате однапред и да почнете веднаш да заштедувате. Секогаш можете да пробате и со игри на среќа, но ѕвездите не ветуваат среќа кога станува збор за такви работи. Но, можеби тоа значи дека вашата среќа ќе биде насочена кон друг дел од вашиот живот.

Најжешки и најладни денови

Ќе мора многу да почекате за да ги доживеете најтоплите летни денови. Вашето време ќе дојде во средината на август кога практично сè што ќе започнете ќе биде успешно, но пред тоа вашето лето нема да биде такво какво што се надевавте дека ќе биде. Обрнете посебно внимание на првата недела од јули кога ќе почнат да се случуваат и лоши работи, па ќе ви треба сила  за да може да го доведете вашиот живот во ред.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Лица родени во знакот на Рак, Лав и други Девици ќе ви докажат дека се најдоброто друштво за вас, но сепак не земајте ги здраво за готово. Однесувајте се кон нив со почитта која ја заслужуваат за вашата врска да потрае. Бидете внимателни кога се справувате со жена родена во знакот на Овен, која ќе ја запознаете за прв пат. Таа нема да има проблеми со вас, но вие ќе имате со неа.

Вага (23. 9. – 23. 10.)

Вашето лето во 1 реченица: добрите работи им се случуваат на оние кои им помагаат на луѓето на кои им е потребна помош.

Љубов

Мора да сте направиле нешто многу добро во минатото, бидејќи ова лето судбината ќе ве награди со незаборавни романтични моменти. Ако сте во врска очекувајте таа да се зацврсти и да се задлабочи, а доколку не сте во врска тогаш слободно направете простор за една неверојатна личност која ќе се појави во вашиот живот и ќе ги направи вашите летни ноќи магични. Ѕвездите се многу таинствени и не откриваат дали оваа романса ќе трае долго време или не...па сè зависи од вас.

Летни авантури

Ќе треба да ги прилагодите плановите за летниот одмор, поради еден неочекуван настан, но тоа прилагодување на одморот ќе го направи уште поубав. Нема да ги поминете летните авантури сами, но често ќе се чувствувате дека ви недостасува слобода за да ги правите работите како што сакате вие. Покрај вашиот летен одмор, летните денови ќе ги поминувате како и сите денови – малку работа, малку забава....сè на сè многу забава.

Пари

Ако се надевате дека ова лето на работа ќе ви биде мирно, немојте. Подгответе се за нешто ново, но убаво. Нешто ново ќе се појави и вие позитивно ќе реагирате на тоа, може да ви ја донесе најголемата можност поврзана со работата која сте ја имале до сега. А со тоа ќе дојде и дополнителната заработка, па затоа може да почнете да правите планови и да инвестирате во вашиот дом – нешто за што сонувате долго време. Не трошете многу пари бидејќи може да дојдат и тешки денови.

Најжешки и најладни денови

Ајде да видиме што велат ѕвездите – јуни ќе биде многу возбудлив месец за вас, исто така и јули. Август ветува многу, а и септември. Па всушност тие сакаат да ви кажат дека за вас ѕвездите предвидуваат само убави моменти ова. Единствениот период кога нема да биде совршен за вас е почетокот на јули, но тој период ќе трае само неколку дена, па затоа не треба да се грижите многу.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Кога станува збор за женско друштво, очекувајте ги најдобрите работи од оние кое се родени во знакот на Јарец, Скорпија и Риби. Кога станува збор за поминување на времето со момци, оние кои се родени во знакот на Близнаци, Вага и Водолија ќе ви донесат најмногу убави моменти. Внимавајте на оние родени во знакот на Бик – машки и женски – кои ќе се обидат да влијаат на различни одлуки од вашиот живот, кои ќе треба сами да ги донесете.

Скорпија (24. 10. – 22. 11.)

Вашето лето во една реченица: забава и креативност – поголем дел од времето, замор исто така.

Љубов

Ќе мора напорно да работите за љубовниот живот да биде добар овој месец, но на крајот трудот ќе се исплати. Ако сте во врска, може да очекувате мали караници, но ништо сериозно што може да ја загрози иднината. Ако не сте во врска, потрудете се и излегувајте, запознајте нови луѓе, бидејќи ѕвездите ветуваат многу.

Летни авантури

Ако сте подготвени да ја прифатите авантурата, вие ќе може да поминете голем дел од времето надвор од домот и вашите секојдневни навики. Тоа е одлична промена. Но, времето што ќе го поминувате дома исто така ќе ви покаже дека може да биде интересно и може да го поврзете со вашето хоби од детството. На кратко, пред вас е одлично лето, но толку многу работи ќе се случат што ќе треба да ја соберете целата енергија со која вашето тело ќе успее да се справи.

Пари

Парите не носат среќа нели? Па, понекогаш носат, а тоа е добро за вас бидејќи во текот на летото ќе имате многу пари. Поголем дел од нив ќе дојдат од неочекуван извор и иако ќе бидете во искушение да го потрошите на луксузи – немојте. Ставете ги на штедна книшка или во банка и почекајте ја вистинската прилика за да ги потрошите.

Најжешки и најладни денови

Генерално, вашите летни денови ќе бидат одлични, но ќе има добри и лоши моменти. На крајот на јуни и почетокот на август ќе бидат одлични, но во јули и средината на август ќе се соочите со одредени предизвици во вашето совршено лето. Но – секогаш постојат подеми и падови нели – ако ништо друго нема да би биде здодевно.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Ќе бидете во совршена хармонија со голем дел од луѓето кои се родени во знакот на Бик, Девица и Јарец. Водените знаци – Рак и Риби – може да ви предизвикаат мали проблеми, но трпението ќе ви помогне лесно да ги совладате. Бидете внимателни – машко лице во знакот на Лав од вашето далечно минато ќе се обиде да ве искористи.

Стрелец (23. 11. – 21. 12.)

Вашето лето во 1 реченица: заборавете на страдањето од минатото – летото изгледа многу ветувачко.

Љубов

Многу работи ќе ви случуваат ова лето, па сексот може да страда и вашите ноќи ќе бидат помирни од вообичаено. Сепак, не грижете сè – иако вашиот секс може да биде многу подобар вие ќе може да ги поврзете романтичните интереси на многу длабоко емоционално ниво и ќе ги поставите темелите на една долготрајна врска за во иднината. Летото и така ќе биде многу жешко за да се потите во спалната соба плус, нели?

Летни авантури

Не очекувајте премногу, но ова лето дефинитивно ќе биде многу повозбудливо од претходните неколку месеци во вашиот живот. Летото ќе почне полека и потоа постепено ќе се претвори во нешто прекрасно. Патувањата на далечни места ќе ви понудат многу задоволства, а истото може да го очекувате и од кратките патувања. Но, вашата најголема авантура ова лето нема да има никаква врска со патувањето – тоа ќе биде поврзано со еден пријател од минатото кој ќе успее повторно да се врати во вашиот живот.

Пари

Заспаниот приватен живот во последните неколку месеци имаше позитивен ефект врз вашата работа. Подгответе се да ја претворите напорната работа во пари, бидејќи ѕвездите предвидуваат унапредување.  Секако, тоа ќе значи и повеќе обврски и повеќе работа, но ако продолжите да ја развивате вашата кариера на овој начин, можеби ќе можете да се пензионирате многу порано во однос на некои луѓе. Не заборавајте ова лето да уживате во вашето мало богатство – инвестиција  во вашата гардероба може да биде корисна и во други аспекти во вашиот живот.

Најжешки и најладни денови

Не се надевајте многу во јуни и јули – двата месеци ќе бидат интересни, но нема да се случи ништо посебно. Но откако тој период ќе заврши, драг Стрелец, вашето лето ќе почне да цвета. Август 2016 година за вас може да биде најдобриот месец во последната деценија, па затоа зграпчете ја секоја прилика. Заокружете го 20ти август, бидејќи тогаш може да се изненадите многу пријатно.

Најдобри и најлоши летни пријатели

Лав, Лав и Лав – луѓе родени во овој знак се предодредени да го направат вашето лето уште поубаво. Од друга страна пак, луѓето родени во знакот на Јарец и Водолија ќе ги отежнат работите за вас. Ништо сериозно, не треба да е грижите, само често ќе знаат да ве извадат од колосек и ќе врескате. Без двоумење, направете го тоа и покажете лутина – некогаш не е добро премногу време да ги држите работите во себе.