Ви недостига квасец?
Ако имате премногу квасец дома...
Ајде да завршиме со најсреќните прво. Ако имате премногу квасец и се грижите дека ќе се расипе пред да стигнете да го искористите, постои решени. Ова секако не е проблем со сувиот квасец кој може да трае многу време, но свежиот квасец не трае толку долго.
Па, ако имате многу од него, секогаш можете да го замрзнете, потоа да го одмрзнете кога ќе ви биде потребен. А ако навистина имате премногу квасец, можете да биде кул лик и да го поделите со останатите кои не стигнале до продавниците навреме.
Ако сте среќни да имате барем едно пакување квасец дома...
Тогаш сте навистина многу среќни. Не поради тоа што ќе можете еднаш да подготвите леб, туку поради тоа што ќе можете да го подготвувате засекогаш.
Најпрво: не ви е потребен многу квасец за да подготвите леб. Всушност,потребно ви е многу помалку од што обично се користи. Но, во овој случај, би било подобро да го оставите тестото да стасува подолго и на ладно место, не на топло како што сме навикнати. Затоа, ако немате многу квасец, искористе малку од него и ставете го тестото да стасува еден ден во фрижидер.
Еве го најважниот трик: ако имате само едно пакување квасец дома, искористете го да го направите тестото, потоа (пред да додаде маст на тестото) извадете мал дел, со големина на пинг понг топче.
Сокријте го парчето на некое ладно место и оставете го да се исуши. Можете да го оставите колку сакате, можете да го користите наредниот ден, ако сте гладно семејство и брзо го јадете лебот, или да го оставите цела недела.
Кога и да ви биде потребен квасец повторно, едноставно изронете го топчето на мали парчиња во мешавина од топла вода или млеко и шеќер. Оставете го да стои 12 часа и ќе имате прекрасна смеса со квасец, за да го направите новиот леб. И додека го правите тоа, не заборавајте да извадите мало топче за наредната тура.
Ако имате пециво дома....
Можете да подготвите вкусен леб со пециво, кој полесно се наоѓа во продавниците. Друга добра страна на оваа тактика е дека ќе го подготвите лебот многу побрзо на овој начин, бидејќи процесот на нараснување не е потребен тука.
Можете да користите некој од вашите омилени рецепти за леб, само заменете го квасецот со пециво: ќе ви бидат потребни 1-2 полни лажички пециво за половина килограм прашно.Нема потреба да го чекате тестото да нарасне, само размешајте ги сите сосотјки заедно и ставете ја смесата на печење.
Ако имате сода бикарбона дома…
Сода бикарбона може, исто така, да се користи за подготовка на вкусен леб. Може да го користите секој рецепт и брашно, само имајте на ум дека ќе ви бидат потребни 1-2 полни лажички сода за половина килограм брашно. Исто како со пецивото, нема потреба да чекате тестото да нарасне, само размешајте и ставете на печење.
Ако имате кефир дома...
Ако немате ниту една од горе наведените состојки, но имате кефир дома, ќе имате малку повеќе работа, но, ќе го направите лебот уште подобар.
Заедно размешајте 100гр брашно, 200мл кефир (ако имате домашен, уште подобро, целиот процес ќе биде побрз) и лажица шеќер. Оставете ја смесата на топло место и чекајте најмалку 6 часа. Може да бидат потребни и повеќе за да се активира смесата, во некои случаи можно е да бидат потребни до 24 часа.
Потоа, мали меурчињаќе почнат да се формираат на врвот на смесата. Сега, време е да да додадете половина килограм брашно и сите други состојки за да го подготвите тестото.
Ако немате ништо...
Без гајле, нема да останете гладни. Секогаш можете да подготвите друг вид на леб: измешајте брашно, вода и сол, потоа подгответе го лебот, кој наликува на палачинка, во тава. Можете да направите и солени палачинки или мексиканска тортилја. Овие не се класичен леб, но, можат да бидат корисни и многу вкусни во многу различни комбинации. На здравје!