Нема производи во вашата кошничка.

Топ 10 ситни колачи

Се зема плех и се премачкува со путер. Едната и другата топка тесто се развлекуваат со сукало до дебелина од 2 мм па се вадат округлести колачиња (околу 6 см пречник) по можност со запчеста ивица со специјална модла за колачи или ако немате - со чаша.

1. Бајадера колачиња

Состојки:

  • 400 г. путер
  • 10 лажици вода
  • 400 г. шеќер во прав
  • 400 г. мелени лешници
  • 400 г. мелени бисквити
  • 4 реда чоколадо за готвење

Подготовка:

Сите состојки освен чоколадото да се промешаат и смесата да се подели на 2 дела. Двете смеси да остават во фрижидер 2 часа.

Потоа ги вадите и во едната смеса ставате растопено чоколадо за готвење. Смесата во која нема чоколадо прва ја размачкувате на плех, со дебелина од 1 прст, а врз неа ја размачкувате и смесата со чоколадо со истата дебелина. Повторно ставете ја во фрижидер да се олади.

Кога ќе се олади се сече на ленти.

2. Колачиња со суви кајсии и корнфлекс

Состојки:

  • 50 г. чоколадо за готвење
  • 50 г. бадеми
  • 170 г. корнфлекс
  • 2 лажици мед
  • 1 дл. сок од портокал
  • 200 г. суви кајсии

Подготовка:

Кајсиите исецкајте ги и варете ги 10-тина минути во сокот од портокал и мед. Потоа оставете ги да се оладат.

Корнфлексот измешајте го со сецканите бадеми и додајте ја смесата од кајсии, сок од портокал и мед. Развлечете ја смесата на алуминиумска фолија. Стопете го чоколадото и прелијте го колачот со чоколадна глазура. Кога глазурата ќе се олади исечкајте го колачот на ромбоидни парчиња.

Колачот ќе биде повкусен ако го оставите да отстои барем 1 ден.

3. Тоблероне колачиња

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 г. чоколадо за готвење
  • 300 г. лешници
  • 300 г. путер
  • 300 г. бисквити
  • 300 г. шеќер

Подготовка:

200 г. шеќер растопуваме во тенџере и додаваме 200 г. препечени цели лешници, мешаме и ги ставаме во чинија (премачкана со масло) да се оладат. Остатокот од шеќерот се мати со јајцата (додека да се добие пена). Путерот посебно се мати со миксер и се меша со јајцата, се додава стопеното и оладено чоколадо и 100 г. мелени лешници. Оладените лешници со шеќер се сецкаат ситно, па се додаваат во смесата и се додаваат и бисквитите. Смесата добро се меша и се сипува во калапи. Се остава во фрижидер да се стегне, па се вади од калапите и се сече.

4. Ѕвездички со желе од рибизли

Состојки:

  • 700 г. брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 400 г. путер
  • 250 г. шеќер во прав
  • 2 белки
  • 450 г. мармалад
  • Путер

Подготовка:

Путерот, шеќерот и белките се матат со миксер (додека да се добие пена), се додава малку сол и ванилин шеќер. Одозгора се посипува со брашно па се замесува мазно тесто. Со рацете се оформуваат 2 топки тесто па се ставаат пола час на ладно место. Се зема плех и се премачкува со путер. Едната и другата топка тесто се развлекуваат со сукало до дебелина од 2 мм па се вадат округлести колачиња (околу 6 см пречник) по можност со запчеста ивица со специјална модла за колачи или ако немате - со чаша. На пола од колачите на средината им се прават 3 округлести отворчиња или 3 мали срца (со помош на специјална модла) за да се гледа црвеното желе што ќе биде одоздола намачкано.

Колачите се редат во плех и се печат во претходно загреана рерна на 200°С околу 8 – 10 минути. Потоа се оставаат малку да се оладат. Желето од рибизли се загрева малку, полека се промешува, па со тоа се премачкува долниот дел од колачињата (оние без дупчиња). Одозгора се ставаат колачињата со дупчиња, се лепат убаво и се наросуваат со шеќер во прав.

Се добиваат околу 80 колачиња, имаат долг рок на траење.

5. Бисквити од мусли

Состојки:

  • 4 лажици млеко
  • 2 лажици варена тиква
  • 2 лажици суво грозје
  • 2 лажици брашно
  • ½ лажица прашак за пециво
  • 250 г. овесни снегулки
  • 2 јајца
  • ½ кесичка ванилин шеќер
  • 100 г. шеќер
  • 125 мек путер

Подготовка:

Изматете ги со миксер путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте ги јајцата и продолжете со матење. Потоа се додаваат останатите состојки и тестото се замесува. Оставете го тестото да мирува 30-тина минути.

Загрејте ја рерната на 180°С. Направете топчиња од тесто и наредете ги на плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 15-20 минути.

6. Фигаро колачиња

Состојки:

  • 2 парчиња обланди
  • 1 лимон
  • 250 г. ореви
  • 5 жолчки
  • 500 г. шеќер
  • 250 г. путер

Подготовка:

Путерот стопете го на пареа. Додадете 250 г. шеќер, жолчките и оревите и промешајте. Потоа оваа смеса тргнете ја од оган.

Во друг сад стопете ги останатите 250 г. шеќер. Кога ќе пожолти додадете го во смесата и измешајте. Смесата рамномерно нанесете ја на едното парче обланда, потоа преклопете со другото и притиснете ја со нешто тешко. Оставете да се олади на собна температура и исечете на коцкички.

7. Кокос марципан

Состојки:

  • 2 пакувања ванилин шеќер
  • 100 г. суво грозје
  • 100 г. бадеми
  • ¼ кг. млеко во прав
  • ¼ кг. кекси
  • ¼ кг. кокос
  • ¼ л. вода
  • 800 г. шеќер
  • 200 г. путер

Подготовка:

Сите состојки се мешаат во една здела. Во друг сад, посебно се мешаат шеќерот и водата и се варат кратко, па се додава уште и путерот и додека е врело се посипува врз сувата смеса во зделата. Убаво се меша и се размачкува на плех со дебелина од 1 прст. На плехот претходно се става хартија за печење. Пред да се олади, смесата се прелева со глазура од чоколадо. Потоа се остава еден ден да се олада, стегне и отстои, па се сече на коцки.

8. Црни труби

Состојки:

  • 100 г. шеќер во прав
  • 180 г. маргарин
  • 70 г. ореви
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка какао
  • 350 г. брашно

Подготовка:

Сите состојки се мешаат и се замесува тесто. Се сука со дебелина од 2мм. и се сече на квадрати 10х4 см. Потоа, се намотуваат на лимени калапчиња (труби), се сечат на половина, се ставаат на плех и се печат.

Печените труби се полнат со крем направен од: 10 јајца, 20 супени лажици шеќер и две пакување маргарин (од 500 г.). Јајцата и шеќерот се мешаат и готват на пареа, па се додава маргаринот и се остава кремот да се лади. Кремот се става во шприц за декорирање торти и со него се полнат трубите. Двете страни на трубите се потопуваат во чоколадна глазура: 100 г. чоколадо и 100 г. маргарин стопени на тивок оган.

9. Медени колачиња

Состојки:

  • 1 лажичка прашак за пециво
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 1 филџан ореви
  • 1 јајце
  • 4 лажички мед
  • 200 г. маргарин
  • 200 г. шеќер
  • 350 г. брашно
  • половина лажичка цимет

Подготовка:

Брашното измешајте го со прашакот за пециво и цимет, додадете шеќер, ванилин шеќер и ореви. Потоа додадете ги и маргаринот, медот и јајцето и добро измешајте. Смесата треба да отстои половина час.

Калапчињата намачкајте ги со масло и напрашете ги со брашно. До половина наполнете ги со смесата и печете ги околу 15 минути на 180 степени. Додека се врели, извалкајте ги во шеќер во прав.

10. Данини колачиња

Состојки:

  • 300 г. чоколадо за готвење
  • 300 г. лешници
  • 300 г. еурокрем

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во сад и на тивок оган се мешаат додека смесата не се изедначи. Потоа смесата се трга од огнот и додека е врела се сипува во мали хартиени корпички. Се оставаат во ладилник околу два часа да се оладат и зацрстат.