Нема производи во вашата кошничка.

На која генерација и припаѓате?

Генерацијата во која сте се родиле не го одредува периодот кога сте се родиле. Исто така таа ги одредува и некои од вашите карактерни црти и начин на живеење – без разлика дали го сакате тоа или не. Затоа, дали знаете на која генерација и припаѓате? И на кој начин вашата генерација влијае врз вашиот секојдневен живот?

Н. Г.

Година на раѓање: 1900 – средината од 1920те

Оваа генерација е исто така позната и како „Најголемата генерација“ бидејќи таа ги искусила од прва рака ужасите од двете Светски војни. Припадниците на оваа генерација е позната по својата пожртвуваност и несебичност,  правејќи работи за подобро утре наместо да уживаат во своите животи.

Тивката генерација

Година на раѓање: средина од 1920те – средина од 1940те

Луѓето од оваа генерација почнаа да се фокусираат повеќе на своите кариери а помалку на активизам и случувањата во светот. Нивната младост била тешка но воглавно мирна  што исто така ги дефинира личните црти на многу од припадниците од оваа генерација.

Бејби бумери

Година на раѓање: средина од 1940те– средина од 1960те

Бејби бумерите се многу поразлични од своите родители од претходните генерации. Наместо да се скромни и тивки, тие барале големи работи за себе: слобода, среќа, успех. Особено последната работа на списокот е многу важна за припадниците на оваа генерација бидејќи тие  сакаат да го покажуваат својот успех  преку своите куќи, коли и друг имот.

Генерација Икс

Година на раѓање: средина од 1960те – рани 1980ти

Генерацијата Икс е МТВ генерацијата.  Со слободен дух, понекогаш цинични и исклучени од случувањата во светот,  но се типично полни со самодоверба и се неоптеретени со нивното место во општеството. Припадниците на оваа генерација често не се лојални на фирмите каде работат и воопшто немаат желба да пораснат до крај. Ова има и позитивни и негативни влијанија врз нивните животи, каде една од најважните работи е да се има многу забава.

Генерација Ипсилон

Година на раѓање:рани 1980ти – средина од 1990те

Исто така се познати и како Милениумци, членови на генерацијата која израснала во дигитален свет. Другите генерации честопати ги етикетираат како нестрпливи, недисциплинирани и нефокусирани. Но тие се и многу способни за мултитаскинг,  навикнати се да ги живеат своите животи многу ефикасно,  што значи дека тие не трошат многу време и искусуваат многу различни работи во текот на нивните животи. Нивната мешавина од различни вештини и знаење им помага да бидат успешни и задоволни во многу различни улоги, но во исто време тоа исто таак ги прави да бидат многу напорни муштерии.

Генерација Зет

Година на раѓање: средина од 1990те – средина од 2010те

Припадниците од оваа генераицја живеат во 2 одвоени светови од нивната рана младост – вистинскиот свет и дигиталниот свет. Додека припадниците од постарите генерации имаат свои грижи во врска со изложеноста на Генерацијата Зет на интернетот, факт е дека оваа генерација успева да се справи со некои од ризиците од младоста и раното полнолетство подобро во однос на претходните генерации. Тие се потолерантни кон различноста која владее меѓу луѓето, тие се помалку заинтересирани за алкохол и дроги, а и најверојатно повеќе размислуваат со својата глава наместо да ги следат масите. Тие се исто така повнимателни, предизвикуваат помалку несреќи и инциденти.

Но што во врска со генерацијата после Генерацијата Зет?

Припадницте на оваа геенрација штотуку почнаа да ги искусуваат задоволствата и предизвиците во овој свет и во моментов се многу млади за да покажат било каккви доминантни лични црти – освен дека имаат искрено чувство за восхитеност и желба за истражување. Тие се исто така премногу млади за да читаат и за да ја сфатат оваа статија, но нивните родители би требало да знаат дека  иднината им припаѓа ним -  новата генерција која ќе направи светот да биде нивен.

Важни мисли за заклучок

Да, генерацијата во која сте родени во голема мера влијаела врз личноста во која сте се претворила денес. Но таа влијаела но не и одредила. Без разлика на вашата генерација, вие сте индивидуа која има свои уникатни потреби, желби и страсти. И вие влијаете врз светот преку вашите активности на ваш уникатен начина!