Нема производи во вашата кошничка.

Што е подобро: клима или отворени прозорци во автомобилот?

Се спремате за патување? Како и вие, така и многу други луѓе го прават истото, па затоа сообраќајните гужви се чест проблем. Тоа значи дека ќе треба да се соочите со високите температури во вашиот автомобил. Време е да ја решите вечната дилема – дали е подобро да користите клима или едноставно да ги отворите прозорците во автомобилот?

Клима или отворени прозорци

Во денешно време, поголем дел од автомобилите имаат клима (и домовите, канцелариите итн.), но тоа не е така отсекогаш. Иако системите за клима во автомобилите започнаа да се употребуваат уште пред почетокот на Втората Светска војна, поголем дел од просечните возачи со просечни автомобили започнаа да уживаат во овој луксуз во последните две или три децении. Денес климата е речиси задолжителна во секој автомобил и сите имаме избор – да ја вклучиме или да ги отвориме прозорците?

Ефикасност

Кога се работи за моќта на ладењето тука нема сомнеж – климата е дефинитивно поефикасна. За многу кратко време ќе го излади автомобилот и ќе ја спушти температурата под 200С, што не може да се постигне со отворање на прозорците кога температурите се екстремно високи. Ако дефинитивно ја сакате најниската можна температура тогаш одговорот е клима.

Трошок

На прв поглед, отворањето на прозорците нема никакви финансиски трошоци, додека климата користи гориво. Но, отворањето на прозорците додека возите може исто да има трошоци бидејќи аеродинамиката се менува, па за да се одржи истата брзина потребна е поголема моќност.

Постои едно старо правило кога се работи за возење на висока брзина (најчесто 100 kph)- климата е подобар избор, но кога возите со помала брзина тогаш прозорците победуваат. Сепак ова тврдење е истражувано многупати, па затоа вие треба да направите мал експеримент во вашиот автомобил и да видите што ќе троши помалку.  

Ефект врз здравјето

Луѓето возат кабриолети и користат клими веќе долго време, па јасно е дека тоа не е смртоносно. Сите сме запознаени со негативните ефекти кои климата ги има врз нашето здравје – ја суши кожата, влијае врз респираторниот систем, пренесува разни болести, ги иритира грлото и носот... Некои луѓе исто така велат дека промајата има разни негативни влијанија врз нашето здравје, но генерално е подобра опција.

Можни проблеми

Освен можноста дека климата може да се расипе, нема други скриени проблеми кои може да влијаат врз работата на автомобилот. А што е со отворените прозорци? Кога сте заглавени во сообраќајна гужва, ги вдишувате издувните гасови од другите автомобили и сигурно ќе бидете среќни што имате клима, а тука се секогаш и свирките кои многу иритираат кога прозорците се отворени.

Заклучок?

Безбедно е да се каже дека најдоброто решение е постојано да менувате помеѓу климата и отворените прозорци. За поголем дел од патувањата, тоа е најдоброто решение. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат.

Основа

Пред да влезете во автомобилот многу е важно целосно да го проветрите. На тој начин ќе излезе жешкиот воздух од него. Исто така не заборавајте редовно да ја користите климата на вашите кратки патувања. Редовно користете ја за да не ви направи проблем кога најмногу ќе ви треба.

Прозорците оставете ги отворени само неколку сантиметри

Кога ќе се одлучите да ги отворите прозорците додека возите, не заборавајте да ги оставите отворени само неколку сантиметри. Истовремено ќе се изладите, но и ќе ја намалите потрошувачката.

Никогаш не ги користете двете опции истовремено

Кога истовремено климата работи и прозорците се отворени тие нема добро да работат заедно. Тоа само ќе ги намали нивните ефекти, па затоа најдобро е да ја користите или едната или другата опција.