Како да запомните сѐ
Секогаш кога ќе заборавите некоја ситница, како на пример што сѐ требало да купите од продавница или каде сте ги оставиле клучевите, си велите дека тоа е од преоптовареноста.
Иако мислите дека годините во кои треба да се грижите за меморијата се далеку, новите истражувања покажаа дека проблемите со меморијата може да започнат уште од 20 годишна возраст. Следете ги овие едноставни чекори за да го спречите губењето на меморијата.
1. Јадете леб за појадок
Според едно универзитетско истражување, испуштањето на јаглехидратите од појадокот може да ја оштети меморијата на долг рок. Сите испитаници кои воопшто не конзумирале јаглехидрати за појадок, за брзо време покажале полоши резултати на тестовите за меморија.
2. Вежбајте пред работа
Вежбањето го зголемува протокот на крвта во мозокот, со што се обезбедуваат потребните количини кислород и глукоза, кои се потребни за нормално функционирање. Всушност, истражувањата покажале дека можете да научите нови зборови 20 проценти побрзо, веднаш по интензивен тренинг.
3. Направете интернет пребарување за време на ручекот
Секој ден треба да поминете по еден час пребарувајќи нешто што Ве интересира. Тоа ќе го стимулира предниот дел од мозокот којшто ја контролира краткорочната меморија. Кога пребарувате на интернет се активираат деловите од мозокот што ги контролираат: носењето одлуки, визуелното препознавање и говорот. Нормално, мора да пребарувате нешто што го активира мозокот – одењето на сајтови со автоматизирани функции (како Фејсбук) не е доволно.
4. Напијте се чашка алкохол со вечерата
Прекумерното пиење алкохол може да ја оштети меморијата, но една нова студија покажа дека умереното конзумирање алкохол со вечерата го намалува ризикот од оштетување на меморијата што настанува природно со изминувањето на годините. Истражувачите што го донеле заклучокот веруваат дека ова се должи на антивоспалителните својства на алкохолот. Оптималната количина забележана била 6 до 7 алкохолни пијалаци неделно.