Како да не се откажете од диетата
Кога сте на диета, можно е и најмалите и најбезначајни нешта да Ви ја уништата мотивацијата и пред да се свестите, да се откажете од сето тоа што сте го постигнале дотогаш. Прочитајте како да не се откажете од диетата и кога сте соочени со искушенија.
Кога сте на диета, можно е и најмалите и најбезначајни нешта да Ви ја уништата мотивацијата и пред да се свестите, да се откажете од сето тоа што сте го постигнале дотогаш. Прочитајте како да не се откажете од диетата и кога сте соочени со искушенија.
Истегнувате мускул и не можете да вежбате
Како и со секоја повреда, прво треба да се консултирате со матичниот лекар. Ако сте многу повредени, тогаш побарајте упат за физиотерапевт, затоа што тие најдобро и најбрзо можат да се справат со повреди во спортски контекст. Времето на одмор гледајте го како шанса за варијација во вежбањето, а не како демотивација и почетна фаза од откажувањето. Ако на пример сте го повредиле рамото, тоа не значи дека не можете да вртите на стационарен велосипед.
Ако од лекарот добиете совет да одмарате, посветете особено внимание на диетата. Во ситуација кога не согорувате доволно калории преку вежбање, секој залак плус значи и еден чекор назад во диетата.
Работното место Ви е ужасно, а апаратот со чоколатца Ви е најдобар пријател во зградата
Во бирото оставете си здрави ужинки за секој случај. За да избегнете напад на глад, не го прескокнувајте ручекот, по ниедна цена. Оброкот околу пладне Ви е неопходен за да спречите неразумни одлуки подоцна во текот на денот.
Тукушто сте раскинале со партнерот и потребна Ви е утеха
Во зависност од типот на личноста, во одредени случаи е во ред да се побара утеха во големото пакување сладолед, на одреден период. Но, пријатното чувство што храната го создава во тие случаи може многу бргу да се претвори во чувство на вина, доколку претерате. Затоа, бидете внимателни.
Патувате често, што ги отежнува вежбањето и правилната исхрана
Одржувањето на правилната исхрана при чести патувања не е невозможно, само бара добро планирање. Во денешно време, речиси секој ресторан, без разлика дали се работи за отмен локал или пак продавница за брза храна, нуди и поздрави видови храна. Менијата на речиси секој локал се достапни на интернет, па оттаму, испланирајте со време што и каде ќе јадете.